‘Рчењето е непријатна појава која може да влијае врз сонот, да предизвикува болки во грлото и да ги полуди сите останати луѓе во близина.
Па, доколку сакате на природен начин да се справите со него, погледнете ги овие 3 едноставни домашни рецепти.
Маслиново масло
Маслиновото масло го опушта ткивото и го намалува отокот на слузницата. Исто така, тоа го намалувањето триењето кое е предизвикано со вибрациите на ткивата поради кои ‘рчиме.
Пред спиење, во половина супена лажица мед додадете половина маслиново масло и испијте ги пред спиење.
Повторувајте ја постапката секоја вечер.
Нане
Оваа билка ги отвора каналите во носот и грлото и со тоа го олеснува дишењето, што е многу важно доколку сакате да го ублажите ‘рчењето.
Во 230 милилитри млака вода додајте три капки етерично масло од нане и пред спиење направете гаргара.
Повторувајте ја оваа постапка секојдневно, сè додека не забележите подобрување.
Кардамон
Семките од оваа билка отсекогаш се користеле во индиската кујна, но покрај пријатната арома во храната, тие имаат и огромни здравствени придобивки.
Кардамонот ја разредува слузта и го олеснува дишењето.
Во 230 милилитри млака вода додајте половина лажичка кардамом во прав и добро измешајте.
Испијте ја оваа напивка половина час пред спиење.