Home / алтернативна медицина / Трчање со боси нозе за намалување на болките

Трчање со боси нозе за намалување на болките

Се поголем број луѓе избираат да трчаат без чевли. Многу од оние што трчаат босоноги велат дека тоа всушност им помага да ги редуцираат повредите и болката во зглобовите.

noze trcanje bosПретседателот на Друштвото за босоноги тркачи на Лос Анџелес, Кен Боб Сакстон, верува дека причина за болката во зглобовите често се чевлите.

– Чевлите прават да трчаме несмасно, ни дозволуваат силно да ги удираме  стапалата на земја, со права нога и „заклучено“ колено така што ударот оди директно во коленото и во колкот, вели Сакстон.

Сакстон истрчал 79 маратони со боси нозе. Тој вели, кога ќе види остри предмети на патот, како стакло, трча околу нив или на нив, без да се исече.

Професорот на Универзитетот Харвард Даниел Либерман проучувал како чевлите го промениле начинот на кој луѓето трчаат.  Во интервју за Гласот на Америка тој кажа дека 30 до 70 проценти од оние кои трчаат трпат повреди:

– Зошто не сме успеале да ја олесниме оваа епидемија на повреди? Јас би рекол затоа што ставаме премногу верба во технологијата на чевлите, во ортодонтиката, во работите што ги купуваме, а она што навистина  е важно е трчањето.

Либерман проучувал тркачи од харвардскиот тим за трчање, до тркачи во Африка кои никогаш не ставиле чевли на нозете. Тој вели дека босоните имаат подобра форма:

– Подобро го држат телото, прават помали чекори, не удираат силно на петиците.

Либерман вели дека босоногите прво ја спуштаат ногата на предниот дел на стопалото:

– Приземјувањето на петицата кај оние со чевли често  доведува до повреди на телото.

Физикалниот терапевт Роберт Фостер специјализира во техниката за правилно трчање и работел со добитничките на златен олимписки медал Џеки Џојнер-Керси и Флоренс Грифит Џојнер. Тој вели дека трчањето без чевли може да помогне во зајакнување на стопалото, но исто така може да  доведе до повреди на стапалото.

Фостер третирал повреди предизвикани од трчање без чевли. Тој вели дека она што изгледа како модринка на  долната страна на големиот прст на ногата може да донесе фрактура на некои мали коски во тендоните што може да бидат сериозен проблем.

Либерман вели дека многу луѓе се повредуваат трчајќи без чевли затоа што прават премногу во кус временски период.

– Вистина е дека оние кои цел живот носеле чевли наеднаш решаваат да трчаат без чевли и одат на десет милји трчање, ќе се  повредат, со гаранција, вели Либерман.

Тој вели дека  босоногите тркачи мора да почнат полека и да му дадат шанса на телото да се прилагоди.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top