Светски познатиот специјалист за канцер д-р Дејвид Агус во својата книга советува мали животни промени кои можат да ви донесат долг и здрав живот.
1. Прво и најважно – не заборавајте од време на време голи да се погледнете внимателно во огледало. Прегледајте дали ќе забележите некои невообичаени промени на своето тело кои може да не ги чувствувате, а да сигнализираат за некој проблем. Погледнете дали имате промени на кожата, на градите, погледнете ги ноктите и косата и внатрешноста на устата. Ако нешто ви изгледа чудно – веднаш на лекар!
2. Избегнувајте ги скенерите на аеродромите. Д-р Агус советува да побарате да ве претресат. Науката се уште не докажала дека скенерите се безбедни.
3. Фрлете ги неудобните чевли, избегнувајте високи потпетици. Неудобните чевли можат да направат проблеми на целиот систем.
4. наутро напијте се чај или кафе. Слушнавме бројни предупредувања за штетното влијание на кофеинот кој наводно предизвикува проблеми со срцето, притисокот, остеопороза, дури доведува и до рак, но бројни научни студии го докажуваат спротивното.
5. Секој ден јадете во исто време. Оваа утврдена рутина ќе го намали стресот на вашиот организам.Ако сте го научиле организмот да јаде напладне и почувствувате глад а не јадете, ќе се активира стрес хормонот кортизол, кој на телото му вели да ги сочува мастите и енергијата. Значи, ако не јадете кога телото го бара тоа, ќе ги саботирате напорите да изгубите тежина или да ја задржите постоечката со која евентуално сте задоволни.
6.Вакцинирајте се од грип. Ако се поштедите од оваа болест ќе ги подобрите шансите да не добиете срцев напад, удар или канцер.Д-р Агус вели дека стравот од штетноста на вакцината нема основа.
7. Станете! Има голема врска меѓу долготрајното седење и дебелината, дијабетесот, кардиоваскуларните болести и раната смрт! И запаметете – и два часа дневно вежбање не се доволни да ги поништат негативните ефекти од 22 часа седење или лежење. Бидете активни! Одете по скали! Движете се!
8. Престанете да се подгрбавувате! Лошото држење на телото доведува до главоболки, артритис,лоша циркулација, болки во мускулите, тешко дишење, лошо варење на храната, констипација, невролошки проблеми…Вежбајте, одете на пилатес, на јога, исправете се!
9. Користете аспирин секој ден. Ќе го намалите ризикот од кардиоваскуларни болести, дури и ризикот од рак на простатата, белите дробови и дебелото црево, за 46%! Но, за ова консултирајте се прво со својот лекар.
10. Не користете витамински суплементи. Телото создава само слободни радикали кои ги напаѓаат лошите клетки, дуир и канцерогените. Ако го „витаминизирате“ премногу, користите редовно антиоксиданси, ќе ја блокирате природната способност на телото да се бори и да воспоставува контрола.
11. Имајте деца! Многу е веројатно дека ако имате деца ќе живеете подолго од врсниците кои немаат. Децата не држат во активна состојба и ментален предизвик, додека да ги пораснеме!
12. Пијте црвено вино – ако сте жена една чаша дневно, мажите по 2. Драстично го намалува ризикот од срцева болест.
13. Насмевнете се. Ќе се ослободат ендорфинот и серотонинот кои ги намалуваат штетните нивоа на стресот.