Home / природен лек / Суво овошје мора да се јаде во зима – еве зошто

Суво овошје мора да се јаде во зима – еве зошто

Тоа е совршен “греач” на организмот и обезбедува дополнителна енергија па треба да се консумира особено во зима. Со оглед на тоа дека овој извор на енергија многу брзо стигнува до крвотокот, посебно се препорачува на спортистите после напорниот тренинг.

Во нашата земја воглавно се во употреба сувите сливи, смокви, јаболка, круши, кајсии, грозје, ананас, урми..

Сувото овошје – Склад на калиум и магнезиум

suvo-ovosje-thumbСувото овошје е склад на калиум и магнезиум. Во сто грама суво овошје просечно има од 600 до 800 милиграми калиум, а во сувите кајсии дури и 1.370. Во сто грама суви банани уште повеќе – 1.490 милиграми. Сувото овошје има и завидна количина на железо, а претставува и совршен антиоксидансен коктел со витамни С, Е и бета каротен.

Како треба да се јаде сувото овошје?

Современите нутриционисти сметаат дека сувото овошје треба да се јади во умерена количина во текот на целата година. Треба да се избегнува после главниот оброк, бидејќи го успорува варењето, а донесува премногу калории.

Бананите треба да се јадат бидејќи се добри против стрест, додека една рака суво грозје заситува и го намалува гладот, а шеќерите од него помогнуваат полесно да се поднесуваат физичките и менталните напори.

Оние кои сакаат да ослабат, им се препорачуваат суви сливи и смокви, бидејќи содржат влакна. Во случај многу да сте гладни, каснете две три смокви бидејќи се богати со магнезиум и влакна, а помалку калорични во однос на другото суво овошје.

Сувите кајсии се препорачуваат за професионалните спортисти, и сите кои имаат редовни физички активности, бидејќи содржат огромни количини на калиум, којшто е важен за нормално да работат мускулите. Треба да се знае дека порција од пет суви кајсии покрива 20% од дневната потреба за овој минерал, и дел од потребата на организмот за железо.

TheMen

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top