Една група на американски научници со користење на 3D печатач го создале најмалиот во светот човечки црниот дроб кој може да функционира како природниот дури 40 дена, пренесува британскиот портал „Метро”.
Научниците од калифорниската организација за медицински истражувања „Organvo” направиле мини црн дроб широк само четири милиметри, кој може да ги врши речиси сите функции како и вистинскиот црн дроб.
Ткивото на црниот дроб е формирано така што 3D печатачот наталожил 20 слоеви на хепатоцитни клетки кои ги вршат повеќето од функциите на црниот дроб, на ним им се додадени клетки од внатрешноста накрвните садови за клетките на црниот дроб да може да добиваат кислород и хранливи материи.
Најновиот создаден црн дроб во лабораторија може да преживее до 40 дена, што е голем напредок во однос на претходниот, кој е направен во април и траел само пет дена.
Иако се работи за експеримент во рана фаза, научниците веруваат дека идната верзија на овој црн дроб може да се користи за трансплантација, што би можело да биде од големо значење за повеќе од 120.000 пациенти ширум светот кои се на листата на чекање за трансплантација.