Home / нови лекови / Создаден препарат кој го враќа процесот на стареење на мускулните клетки

Создаден препарат кој го враќа процесот на стареење на мускулните клетки

Група австралиски и американски научници развиле препарат кој помага да се врати во обратна насока процесот на стареење на мускулните клетки кај глувци, се вели во студијата на тимот од сиднејскиот универзитет Нов Јужен Велс и Универзитетот Харвард објавена во научното списание Cell.

kletki muskuliСпоред еден од раководителите на истражувачкиот тим, професорот по генетика на Харвард Дејвид Синклер и неговиот колега Најџел Тарнет од сиднејскиот универзитет Нов Јужен Велс, на двегодишните експериментални глувци на коишто им бил даван препаратот NMN по една седмица мускулите не им се разликувале воопшто од полугодишните животни.

„Добивме апсолутно неочекувани резултати. За мене тоа претставуваше целосен шок.” Јас го изучувам процесот на стареење на молекуларно ниво речиси дваесет години и сметам дека ќе ни се насмеа среќата доколку успееме да го пронајдеме средството коешто го забавува процесот на стареење. Не можев ниту да замислам дека ќе дојде денот кога ќе го откриеме начинот на кој овие процеси може да се направат обратни”, изјави австралискиот научник во интервјуто за телевизијата ABC.

Одговарајќи на прашањето дали од резултатите од истражувањето може да се каже дека е најден еликсирот на вечната младост, Синклер вели „Толку далеку не би одел. Се надеваме дека ќе можеме да им помогнеме на луѓето подолго да останат здрави и да ги заштитиме од болестите поврзани со стареењето, вклучително и од ракот од дијабетесот од типот 2″.

Дејвид Синклер вели дека уште следната година лекарите ќе имаат можност препаратот NMN да го испитуваат на луѓе. „Ние ја покажавме можноста да го вратиме движењето на биолошкиот часовник. Поточно, мислиме дека го пронајдовме начинот како да се стори тоа”, вели научникот

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top