Уши
Според студиите од 2007 година, се покажало дека ушите се на 3-то место кое се заболува од карцином, предизвикан од недоволна заштита од сонце.
Теме
Сè додека наредниот ден не ве здоболи, најчесто не ни забележувате дека не сте го намачкале.
Очни капаци
Кожата на ова место е посебно нежна и тенка, па затоа не ги заобиколувајте очите додека се мачкате со заштитна крема.
Под костимот за капење
Освен ако не носите костими кои ги блокираат зраците, може да се здобиете со изгореници под него.
Пазуви
Можеби не ви изгледа дека е изложен на сонце, но и овој пат грешите.
Горниот дел на стапалото
Додека ги мачкате нозете, никако не ги изоставајте стапалата, посебно горниот дел.
Дланки
Веројатно по нанесувањето на крема ги миете рацете, па тие остануваат незаштитени.
Усни
На долната усна и е потребна 12 пати посилна нега, затоа што шансите за карцином се 12 пати поголеми отколку на горната усна. Затоа, користете балсам со заштитен фактор.
Задниот дел од колената
И воопшто, задниот дел од нозете е најчесто заборавен дел од целото тело.