Home / природен лек / Со природен лек уништете ги бактериите во желудникот

Со природен лек уништете ги бактериите во желудникот

Бактериите во желудникот, можат да предизвикаат разни болести кои многу тешко се лекуваат, па затоа ви го претставуваме овој одличен природен лек кој ќе ви помогне да се ослободите од овој проблем.

smokvaСмокви во маслиново масло се најдобар лек за бактериите во желудникот, па затоа во една тегла ставете суви смокви и прелијте ги со маслиново масло. Смоквите можете да ги пресечете на четвртинки.

Вака прелиените смокви би требало да стојат барем 40 дена. Потоа, секое утро земајте на празен стомак по една смоква. Пожелно е да земате и по една мала лажица од маслиновото масло во кое стоеле смоквите.

Ако не можете да чекате тогаш направете две тегли, па едната започнете да ја консумирате откако ќе поминат седум дена.

За лекувањето да биде побрзо и поефикасно, својата исхрана треба да ја усогласите со лекување.

Јадете исклучиво варена лесна храна без премногу зачини, особено не лути. Немојте да јадете кисели намирници. Избегнувајте масно месо, а особено сувомеснати производи.

Храната подготвувајте ја на маслиново масло кое не е хемиски преработено, инвестирајте во поквалитетно масло.

Комбинацијата од смокви и маслиново масло помага кај многу заболувања, како неплодност, хемороиди, цревни заболувања, запек, бронхитис и астма.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top