Научниците пресметале дека елиминацијата или намалувањето на шесте фактори за ризик за здравјето ќе овозможи и одложување на прерана смрт на 37 милиони луѓе.
Со избегнување на пушење, пиење алкохол и конзумирање на пресолена храна, до 2025 година може во светот да се избегне прерана смрт на 37 милиони луѓе, се наведува во истражувањето.
Научниците од лондонскиот Кралски колеџ пресметале дека елиминацијата или намалувањето на шесте фактори за ризик за здравјето, би овозможила и одложување на прерана смрт на 37 милиони луѓе, според написот објавен во британското медицинско списание The Lancet.
Целта би се постигнала со намалување на конзумирање на цигари најмалку за една третина, намалување на конзумирање на алкохол за 10 отсто, намалување на внес на сол за 30 отсто, намалување на бројот на заболените од зголемен крвен притисок за 25 отсто и спречување на растот на бројот на дебелите и заболените од дијабетис.
До 2025 година тоа ќе овозможи избегнување на предвремена смрт на над 16 милиони лица на возраст од 30 до 70 години, како и на 21 милион прерана смрт меѓу постарите од 70 години.
Највлијателни елементи за животниот век се цигарите и високиот крвен притисок кој е важен фактор за кардиоваскуларните болести и може да се третира со лекови, но и со телесно вежбање и намалување на конзумацијата на сол.
Главниот автор на истражувањето примариус Мајид Езати прецизира дека населението со ниски и средни плати би имале најголема корист од тие напори и во таа група 31 милион луѓе би избегнале прерана смрт.
Според тој експерт за здравје, прехрана и околина, здравиот живот би овозможил пониска смртност од кардиоваскуларни болести и хронични болести на дишните патишта, намалување на бројот на смртни случаи од рак на белите дробови и желудникот и промена на тенденцијата на смртност поврзана со дијабетисот.