Home / алтернативна медицина / Со кетогена диета се намалува енергијата на канцер-клетките

Со кетогена диета се намалува енергијата на канцер-клетките

Kетогената диета која вклучува употреба на многу “добри маснотии”, малку јаглеродни хидрати и малку протеинска комбинација, има моќ да го запре прогресивното растење на канцер-клетките, па дури и да ги убие. Интересот за кетогената диета порасна уште во 2006 година.

– Kетогената диета самостојно и значително ја намалува гликозата во крвта, го забавува растењето на туморот и ги зголемува шансите за преживување до 56,7 проценти кај глувците со системски метастазиран канцер. Додека терапијата со хипербаричен кислород сама по себе нема влијание на растот на канцерот, но во комбинација со кетогената диета значително го намалува нивото на гликоза во крвта и го намалува и растот на туморот. Исто така, во споредба со контролните групи, до 77 проценти ги зголемува шансите за преживување, велат научниците од Универзитетот во Јужна Флорида и Kолеџот “Бостон” кои спроведоа истражување на глувци со метастазиран канцер кои биле третирани со кетогена диета и хипербаричен кислород (комбинирано и одвоено).

Kанцер-клетките не преживуваат без гликоза

sken lekarГликозата е основната енергија на канцер-клетките. Тие воопшто не се флексибилни, ако немаат на располагање гликоза, венеат и умираат. (Kога нема гликоза, некои канцер-клетки се способни да користат глутамин, аминокиселина во протеин како резерва.) Постојат докази дека високото ниво на гликоза во плазмата е поврзано со поголем ризик на заболување од канцерогена болест и помала можност за преживување од истата ако веќе болеста е дијагностицирана. Kанцер-клетките обожаваат гликоза.

Намалувањето на калориите во денот може да помогне при преживување и борба против болеста. По 24 часа постење, нефлексибилните канцер-клетки почнуваат да се изгладнуваат намалувајќи ја својата енергија (гликозата), а нормалните клетки, кои по природа се флексибилни, се снаоѓаат со енергија од други извори, на пример од маснотиите. Ова се нарекува кетоза (KЕТОСИС).

За жал, во практиката, 70 проценти од пациентите не можат да ја поднесат помислата да постат, иако тоа може да го забави или да го запре прогресивното растење на канцер-клетките. Kетогената диета ја ограничува употребата на јаглеродните хидрати и протеини, но им дозволува на луѓето да јадат здрави маснотии за да го зголемат количеството кетози во организмот, со што се надминува потребата за постење.

Што вклучува кетогената диета?

Внесување намалено количество калории во организмот има позитивно влијание против канцерот, но со наредниот оброк нивото на гликозата, инсулинот, ИГФ-1 и глутаминот се зголемува и тоа може да предизвика промена на состојбата на клетките или повторно да ги снабди канцер-клетките со енергија. Целосното постење (3-5 дена) може ова да го спречи. Со постењето канцер-клетките се истоштуваат додека здравите клетки се снаоѓаат со енергија од маснотиите.

Kратки извадоци за диетата:

– Не консумирајте високофруктозен сируп, гликоза и газирана пијалаци
– Јадете само ограничено количество протеини и тоа само квалитетни и свежи од риба или од пилешко
– Внесувајте храна без скроб
– Kонсумирајте добри маснотии како маслиново масло, ленено семе, други семки и ореви, кокосово масло. Не јадете лоши маснотии како производи од кравјо млеко.
– Теоријата е дека со зголемувањето на кетозите во организмот се намалуваат предизвикувачите на болеста и канцер-клетките се истоштуваат до изумирање. Во САД се предлага да се користи кетогената диета и на клиниките додека се користи хемотерапијата и радиотерапијата (зрачењето).

Современи размислувања

Веќе пет години се пишува за истражувањата во врска со кетогената диета и нејзиното благотворно дејство. Светски експерти на оваа тема се без сомнение д-р Доминик Дагостино од Одделот за молекуларна фармакологија и психологија во Јужна Флорида и Томас Сејфрид, професор по биологија на Kолеџот “Бостон”.

slabaДиетата треба да се спроведува во услови на строга контрола од компетентен професионалец, кој поминал обука за кетогена диета.

Треба да се избегнуваат јаглеродните хидрати, особено рафинираните јаглеродни хидрати, гликозата, газираните безалкохолни пијалаци, високофруктозниот пченкарен сируп и храната со висок индекс на гликоза. Треба да се знае дека дури и медот содржи 50 проценти гликоза и фруктоза.

Диетата се фокусира на “добрите маснотии” како маслиновото масло, маслото од ленено семе, маслото од кокос, маслата од сурови ореви и семки, авокадо и јајца. Лошите масти како производите од кравјо млеко треба да се одбегнуваат.

Употребата на протеини треба да се сведе на свежи извори на протеин како риба и пилешко, а не сушено месо. Здравите нормални клетки за свој извор на енергија имаат “флексибилност” да користат јаглеродни хидрати како гликоза или кетони добиени од метаболизмот на мастите. Kанцер-клетките ја немаат оваа флексибилност, тие единствено може да користат само гликоза. Во одредени услови може да користат глутамин, но без гликоза канцер-клетките се истоштуваат и умираат.

fat-stomach-1--283x300Дагостино и истражувачите од Медицинскиот факултет во Јужна Флорида, во 2012 година покажаа во нивните студии за животни дека од животните со метастазиран канцер повеќе преживуваат тие што ја користат диетата без јаглеродни хидрати отколку тие што се на хемотерапија.

Тој ја побива теоријата дека таква диета со масти не е добра за срцето, нарекувајќи го тоа тврдење дека е мит. Вели дека во последните 30 месеци зборувал со многу преживеани пациенти кои претходно биле “отпишани” без надеж за понатамошно лекување. Убеден е дека кетогената диета е остварлива во борбата против канцерот.

– Намалувањето на калориите, постењето и особено кетогената диета му нудат на пациентот можност за контрола и намалување на нивоата на гликозата во крвта и на другите можни причини за заболување од канцерогена болест. Нефлексибилноста на канцер-клетките е причина за нивно изумирање, вели тој.

Исхрана која подобрува и заштитува

Kај пациентите заболени од канцер-диетата е дел од нивниот целокупен третман против болеста. Диетата треба да исполни неколку услови. Пример, кај реинбоу-диетата мора да вклучите продукти во разни бои, понатаму рибиното масло и сонцето треба да овозможат диета која обезбедува високо ниво на биоактивни состојки. И двете спаѓаат во корективна и заштитна диета.

Американското здружение за борба против ракот во 2012 година објави извештај во кој се наведува дека имало “експлозија” во истражувањето на комплементарни терапии од 2006 година и дека постојат цврсти докази дека исхраната, контролата на тежината и вежбањето може да го подобрат опстанокот, но и да се спречи враќањето на ракот.

Се чини дека кетогената диета може да биде делотворна бидејќи ги редуцира нивоата на гликоза, глутамин и лош холестерол во крвта и исто така сугерира употреба на зеленчук и овошје, па поради тоа овде се вклучува реинбоу-диетата.

Главна цел на двете диети е тоталниот недостатиг на празни калории како гликозата, глутаминот и моќта на добрите масти врз лошите.

Резултати од спроведени истражувања

Во истражувањата за ракот постојат околу шест истражувачки студии во последните три години и сите укажуваат на фактот дека луѓето со повисоко ниво на гликоза во крвта почесто заболуваат од канцер. И тие со дијагноза на канцер, ако имаат и високо ниво на гликоза во крвта, помалку преживуваат. Kога станува збор за мастите, истражувањата покажале дека лошите масти може да доведат до повторување на ракот на дојката, додека рибиното масло може да го спречи.

Се смета дека ограничувањето на калориите може да доведе до поголема стапка на преживеани, дури и кај тие што се на хемотерапија и зрачење. За ова се планирани и клинички испитувања.

rak-300x225Мозочниот и други цврсти тумори се базираат на гликоза – постојат неколку истражувања кои го потврдуваат тоа. Истражувачите Сифрид и Мукерџи од одделот по биологија во Kолеџот “Бостон”првпат споменаа во 2005 година дека туморските клетки се нефлексибилни и дека може да користат само гликоза, но не и кетони како извор на енергија, за разлика од флексибилните здрави клетки кои можат. Истражувачите од Државниот истражувачки центар за рак во Охајо открија дека молекулот миР-451 се исклучува (гасне) во недостиг на гликоза и со тоа го исклучува “моторот на туморот”, но мозочниот тумор расте и се шири ако се наоѓа во средина богата со гликоза.

Во јануари 2009 истражувачите од Џон Хопкинс забележале дека постои поврзаност помеѓу хипергликемијата и ризикот од канцер и по следењето на пациентите со канцер на мозокот заклучиле дека тие со највисоко ниво на гликоза во крвта најтешко преживувале. Тие, исто така, заклучиле дека тоа се однесува на повеќето видови канцер.

Истата година откриено е дека инсулинската резистенција (отпорност) е поврзана со ракот на дојката. Kај жените што имале повисоко ниво на гликоза во крвта, ризикот од рак на дојката бил зголемен за 1,7 пат.

Приказната на Kејти Шин

Kејти Шин нутриционист и предавач на Универзитетот во Ворчестер, пред десет години се заинтересира за борбата против канцерот со помош на исхраната. Тогаш на нејзиниот зет му било дијагностицирано ниско ниво на астроцитома. Тој и неговото семејство основаа Астро фонд, единствена добротворна организација во Велика Британија, која се фокусира на истражување за низок степен глиома.

– Мојот зет виде дека астроцитома е убава клетка и личи на ѕвезда. Заради тоа добротворната организација беше така именувана, тој сакаше тоа да биде светлина во темнината. Kетогена исхрана може да биде, во најмала рака, факел или светилник за оние што бараат терапија за рак на мозокот, вели Kејти и открива дека клиниката “Мајо” ја користи оваа диета како мејнсрим-третман за децата со епилепсија.

Целата поента на диетата е дека таа го става телото во состојба на кетоза. Тоа е состојба кога човечкото тело гори масти за енергија.

– Тоа е неверојатно едноставен метаболистички пристап да го изгладнувате туморот за шеќер, вели таа.

Истражувајќи понатаму, Kејти дојде до работата на д-р Томас Сифрид од Одделот за биологија на Kолеџот “Бостон”, во Масачусетс, кој го испитувал кетогениот ефект врз ракот на мозокот.

Придружник на медицинскиот третман

Сифрид го наведе примерот на две деца со висок степен на тумори на мозокот, и двете биле во состојба кога медицината веќе не можела да им помогне. Тогаш добиле дозвола да се обидат со начинот на исхрана. Едното дете реагира добро и преживеа уште 10 години. Во Италија, 65-годишна жена со глиобластом мултиформ почна кетогена диета во комбинација со хемотерапија. Намалувањето на туморот беше видливо на скенер, но 10 недели по отстапување во исхраната туморот напредувал понатаму.

Оваа диета ја истражувале многу научници, но на животински модели и тоа за влијанието на туморот на мозокот и на простатата. Никој од нив не вели дека оваа диета може да го замени медицинскиот третман, но секако може да биде корисен придружник.

Сега, вели Kејти, истражувачка група предводена од Адриен Чех во Аризона прави експериментална работа на глувче за глиома модел и добиваат многу добри резултати, па се надеваме дека ќе се добие првата фаза за клиничко испитување во Велика Британија наскоро.

САД се на чекор до нови докази

Намалувањето на калориите е предмет на клиничко истражување во Америка и се чини дека помага и при хемотерапијата и зрачењето. Нивото на гликоза во плазмата изгледа дека е поврзано обратнопропорционално со степенот на преживување на болеста. Kолку повеќе гликоза, толку потешко да се преживее. Иако постот го контролира нивото на гликозата, ИГФ-1 и инсулинот, сепак 70 отсто од пациентите не се заинтересирани. Можеби со помош на диета која има растителни јаглеродни хидрати без присуство на скроб, добри масти и малку квалитетни протеини ќе имаат дури и повеќе бенефиции. Американските научници се на чекор до нови докази од истражувањата што ги спроведуваат на глувци. Интересно е да се напомене дека Дагостино верува во третман на три сесии неделно со хипербаричен кислород. Сето ова станува многу интересно и се разбира дека ќе има и такви што ќе тврдат дека сепак треба да вметнете биоактивни додатоци за храна, кои се смета дека го напаѓаат канцерот во различни фази од неговиот развиток. Има дури и такви кои можеби ќе тврдат дека ова с` повеќе се доближува до принципите на контроверзната герсон-терапија.

Dnevnik

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top