Професорот по физика на машинскиот факултет во Белград, Александар Томиќ, измислил софтвер со помош на кој преку дигитална фотографија може да биде откриен почеток на тумор.
Сепак, ова откритие кое претставува револуција во превенција од карцином е во сопственост на американската компанија „Maj skin“, која ги финансирала истражувањата на Томиќ.
– Се започна кога истражувачки тим вклучувајќи ме и мене во Белград од 2009 до 2011 година разви нов апсолутно безопасен метод за рано дијагностицирање на ракот на кожата. После 2011 година продолжив сам со истражувањето без поддршка од системот, го доведов методот до перфекција и ја проширив неговата примена на сите видови на рак. Тој резултат е прикажан на Седмиот конгрес за интегративна медицина во Белград 10 октомври и привлече големо внимание кај научниците од целиот свет, рекол Томиќ.
Научникот објаснува дека неговиот метод претставува комбинација од рамановиот спектар на примена на дигиталната снимка.
– Тимот составен од лекари, специјалисти и инженери, ги проверува сите можности за добивање на податоци за состојбата на примерокот фотографиран со дигитален фото апарат. Пациентот може сам да го фотографира сомнителното место, со дигитална камера на определен опсег и фотографијата може да ја испрати на тимот од научници за анализа. Врз основа на спектарот со фотографија претворена во дијаграм со сигурност од 99 отсто може да се утврди дали се работи за тумор, во каква состојба е, дали се развива или мирува, како и дали е итно потребна операција, вели Томиќ.
Утврдување тумор на мозокот
Професорот вели дека врз основа на фотографија од челото може да се открие тумор на мозокот. Се снима челото и се добиваат информации за туморот позади черепот, тврди Томиќ и додава дека благодетите од овој метод пациентите ќе можат да ги користат за околу една година.
Изумот на Томиќ- Крај за рентгенот и биопсијата
Благодарение на пронајдокот на Томиќ, туморот ќе може да се потврди без рентгенски преглед.
– Ќе може да се утврди големината на туморот без рентген. Не е потребно да се земаат примероци за биопсија, што е доста значајно, бидејќи во многу фази на ракот, биопсијата драстично ја влошува состојбата, вели Томиќ.
Го откупиле Американци
-Проектот 2004 бил понуден на Министерството за наука, но не поминал.
-Примарното истражување го финансирала „Maj skin d.o.o.“ Белград, со седиште во САД, која е сопственик на пронајдокот и го заштитила со повеќе патенти.
-Методот е тестиран на околу 6.000 примероци.