Сировата храна и соковите (прв дел) Статијата е напишана од д-р Лоренс Вилсон, и во неа го изнесува својот став за потребата од сирова храна и сокови. Д-р Вилсон е поборник на сирова храна и сокови, но преку долги клинички испитувања и пракса од над 30 години дошол до поинакви резултати кои го натерале да го промени своето мислење. Сепак и ова искуство е вредно за размислување. Оваа контроверзна статија ги испитува ставовите за и против сировата храна и соковите. Ако веќе одлучите да ја читате оваа статија, прочитајте ја со отворен ум. Многу луѓе се залагаат за конзумирање на сирова храна, бидејќи животните јадат сирова храна и се здрави, но затоа пак сировата храна содржи помалку хранливи состојки.
Сепак, оваа тема е многу покомплексна, а јас бев страстен поборник на сирова храна, но искуството од над 30 години во кои имав над илјада клиенти ме научи поинаку, вели Вилсон. Ние не сме како животните. Ние повеќе размислуваме, се грижиме , работиме, не спиеме доволно, а кај многумина варењето е послабо за разлика од животните. Животни кои јадат растителна храна имаат повеќе желудници, како што е случај со кравите и козите за да можат да ја сварат сировата храна. Луѓето ја немаат таа способност. Стресот исто така е важен фактор кој влијае на луѓето денес. Еден од моите наставници Бернард Џенсен, рече: „Тешко е да се вози на автопатиштата на Лос Анџелес и да бидеш вегетаријанец“. Овој аргумент може да се каже и за живеењето на сирова храна.
Последно и сигурно најважно е моето клиничко искуство од над 30 години е дека ако секој ден јадете поголема количина на сирова храна го деминерализирате вашето тело. Ова е тажно и посакувам тоа не е вистина. Јас многу го сакам вкусот и изгледот на свеж зеленчук, но сепак јас не препорачувам премногу сирова храна, освен свежи млечни производи. Како општо правило, дојдов до сознание дека готвената храна е најдобра, а исклучоци се:
– Свежите млечни производи од добар производител кои се пастеризирани и хомогенизирани . Всушност, пастеризираните или хомогенизирани млечни производи како сирење, млеко и јогурт обично се со лош квалитет и треба да се избегнуваат. Исто така, треба да се избегнува варење на маснотиите кои се наоѓаат во млекото и сирењето. Готвењето на масти кои се содржани во млекото го уништува она што е вредно во нив. – 300-350 грама на свеж сок од морков или малку сок од зеленило. – Треба да се избегнува храната премногу да се готви, особено месото и јајцата. Тоа многу ја оштетува храната.
Проблеми со сирова храна Постојат бројни проблеми со сировата храна вклучувајќи ги и
1 Чистотата
Ова е еден од најважните и најсериозните проблеми на денешницата поврзани со сирова храна. Ова е особено проблем во рестораните со сите видови на месо, риба , јајца и морски плодови. На такви места јадете сирова храна. Генерално содржат бактерии, паразити и други микроорганизми. Некои се залагаат за конзумирање на свежо месо, јајца и риба , но овие продукти може да содржат бактерии и паразити кои може многу да ви наштетат. Свежите млечни производи од добар производител обично се многу здрави.
2 Сертифицирани млечни производи
Јас не верувам дека сите свежи млечни производи треба да бидат сертифицирани. Сертификацијата на свежи млечни производи е уредена на државно ниво и е многу скапа за земјоделците, така што малите фарми не може да си го дозволат тоа. Тоа не значи дека нивните производи не се доволно добри, туку напротив, обично се подобри од сертифицираните.
3 Ниска минерална апсорпција
Додека сировата храна може да обезбеди некои витамини како витамин Ц, луѓето најчесто не можат да ги свварат диететските влакна. Луѓето имаат недостаток од ензими за варење целулоза и други влакна. Земањето на ензими за целулоза може малку да помогне, но тоа нема да ги реши проблемите во целост. Некои животни имаат по три или четири желудници и добро ја преваруваат храната неколку пати за подобро да се свари.
4 Свежо овошје и зеленчук треба повеќе да се џвака
Ова е практична работа. Едноставно немате време или енергија за да добиете доволно фито- нутритиви ако сакате живеете на сирова храна. Тоа е мое искуство, без разлика што некои го тврдат спротивното. Животните вегетаријанци, поминуваат поголем дел од денот пасејќи за да добијат доволно хранливи материи. Ова не е практично и возможно за повеќето од луѓето.
5 Свежото овошје и зеленчук се „јин“. Јин и Јанг се древни таоистички, кинески и макробиотички концепт кој е многу суптилен
.Јин значи ладен, проширен и не концентриран. Со готвењето храната станува повеќе „јанг“ затоа што и се дава топлина. Сериозен проблем е што телата на луѓето денес се премногу „јин“. Тоа е поради вишокот на токсини, лоша исхрана, хемикалии, токсични метали и електромагнетен стреси многу други фактори. Со додавање на повеќе од енергијата на „јин“ е штетно дури и ако храната по себе има добар квалитет. Проблемот е релативно нов и се појави во последните педесет години. Постарите книги, вклучувајќи и некои дела на Вестон Прајс се препорачуваат повеќе свежи животински протеини и биле во право. Сепак, работите драстично се променија во изминатите 50 години поради јонизирачката радијација во животната средина и токсични метали насекаде во почвата. Поради овие причини, сировата храна и не е толку здрава како што некогаш беше.
6 Готвењето концентрира некои продукти и дозволува од нив да се изеде повеќе
Добар пример е спанаќот или некој друг зелен зеленчук кое со готвењето може да се конзумира во поголеми количини отколку ако е сирово. Ова е многу корисно за сите бидејќи секому му недостасуваат основните минерали и други фитонутритиви кои ги содржи храната.
7 Сировата храна го иритира дигестивниот тракт.
Сировата храна многу повеќе го иритира дигестивниот систем. Според мене, овошјето и сите видови на слатки се најлоши продукти. Следна иритирачки свежа измислица е и лошата комбинација која може да се најде во речиси сите „зелени пијалаци“, шејкови и слични пијалаци. Денес повеќето луѓе имаат оштетен дигестивен систем, а сировата храна има тенденција да го спречи мешањето односно целосното лекување на дигестивниот систем. Исклучок: Еден важен исклучок се свежите млечни производи. Тие се многу помалку иритирачки од пастеризираните или варени млечни производи и треба да конзумираат освен ако не сте алергични на свежи млечни производи.
Ако постои алергија и на сирови млечни производи, програмата за исхрана ќе ги исклучи повеќето сирови продукти така што таа ќе исчезне.
8 Сировата храна го исполнува желудникот
Таа ја намалува количината на храна која еден човек може да ја изеде. Ова можеби звучи како глупава причина за да се избегне сирова храна, но телото на луѓето денес има недостатокот на нутритиви така што не значи дека сте изеле здрав оброк ако се прејадете со салата. Луѓето не добиваат доволно минерали од салатата, а многу мал дел од продуктите содржат нутритиви. Многу од луѓето кои сакаат да изгубат тежина со здрава исхрана живеат на салати. Тоа е сериозна грешка . Ако најчесто јадат варен зеленчук, малку животински протеини, многу малку житарици, нула шеќери и производи од пченица, многу побрзо ќе изгубат тежина.
9 Сировата храна генерално содржи мала количина на етерична енергија.
Ова е многу чувствителна тема која е во крајна линија е помалку важна. Овде не станува збор за хранливоста туку за свежа и правилно готвена храна која има повисоко ниво и посебна енергија наречена етерична енергија. Исклучок се месото и јајцата, кои имаат повеќе етерична енергија во свежа состојба или кратко варени. Етеричната енергија не е неопходна за редовна исхрана, но таа дава квалитет на храната. Ова е една од причините зошто треба да се јаде свежо подготвена храна. Храна која долго стои има многу помалку енергија. Готвењето на овошје, зеленчук и житарици , всушност, ја зголемува количината на етерична енергија во оваа храна. Ова може да изгледа чудно, но за некои луѓе е многу важна. Исто така, потрошувачката на сирово месо и јајца во големи количини, исто така го доведува телото во дисбаланс. Тоа исто така има врска со квалитетот на храната и тоа е причина зошто се препорачува местото и јајцата да се варат.
10 Сировата храна мора да се загрее во стомакот и за тоа користи енергија
Ова е поврзано со „јин“ квалитетот на сирова храна која зема повеќе енергија за да се свари. Ова е помалку важна причина за избегнување на сирова храна иако е важна за луѓето кои се болни и чиј дигестивен оган послабо работи.
Некогаш бев поборник на сирова храна и имам објавено голем број на публикации на оваа тема и запознаен сум со причините за јадење сирова храна. Од тоа време научив многу и ги сменив ставовите во однос на сировата храна. Оштетувањето на храна кое се случува за време на готвењето зависи од тоа колку долго се готви.
Еве едно резиме за тоа што се случува со зеленчукот за време на готвењето .
Протеини.Структурата и формата на протеините се менува со готвење и со тоа некои протеини се варат потешко, како што е случајот со белката од јајце, месо, млечни производи. Поради тоа треба да се јадат лесно варени јајца, помалку варено месо и сирови млечни производи. Сепак, амино киселините не се оштетуваат со готвењето.
Масти и маслаМасните киселини понекогаш се споменуваат и како витамин Ф, а се оштуваат за време на сите видови на готвење. Тоа е уште една од причините поради која препорачувам млечните производи да се јадат свежи. Месо и другите продукти кои содржат масти треба да лесно да се готват и тие не треба да преваруваат. Путерот, маслиновото масло, кокосовото и палминото масло се постабилни кога се готват. Маснотијата од месото е по стабилна затоа што е заситена и поради тоа готвењето на пониска температура помалку ги оштетува. Високата температура, како што пржењето, може да ги променат сите видови на масти и масла во опасни производи. Пржењето подразбира подготовка на висока температура. Готвењето на пареа е исто така нежно и помалку ја оштетува храната.
Скроб.Неварен и ферментиран се наоѓа во житариците, зеленчукот и луѓето многу тешко го варат. Затоа избегнубајте зрна од житарици, сирови мусли и слично, затоа што , во спротивно, ќе имате повеќе штета отколку добро. Скробот не се оштетува со готвење и треба да се вари додека не омекне.
ШеќериИзбегнувајте ги сите видови на шеќер во исхраната од многу причини. Овошјето може да се готви, но јас би ги избегнал сите шеќери во сите облици и тоа засекогап, ако сакате да имате добро здравје. Тоа има врска со „јин“ квалитетот на висока содржина на шеќер и мала количина на етерична енергија во повеќето случаи. Минералите не се оштетуваат со готвење. Всушност често подобро се апсорбираат со готвење , бидејќи така се разбиваат влакната, така што витамините кои ги има еден продукт се ослободуваат и лесно се апсорбираат. Ова е главната причина за готвење на зеленчукот и некои скробови.
ВитаминиВитамините кои најмногу се оштетуваат со готвење се витамините Ц и Е Готвењето подолго од десет минути го уништува витаминот Ц, но многу витамини остануваат активни и за половина час готвење. Витаминот Е се уништува по 20 минути, во зависност од температурата на готвење и начинот на кој храната е исечена пред да се вари. Сепак, термичка подготовка под десет минути може да ги зачува и двата витамини – Ц и Е
ЕнзимиМногу луѓе се залагаат за сирова храна за да добијат ензими од храната. Моето искуство е дека тоа не е важно. Точно е дека сета храна има одредени ензими кои се оштетуваат или може да се оштетат за време на готвењето. Сепак, со благо испирање на се чуваат некои ензими. Но, ензимите во храната не се исти како и ензимите потребни за варење на храната. Не е точно дека храната содржи ензими потребни за варење. Вашето тело, а не храната, мора да ви овозможи ензими, и тоа е многу важно
Истражување на д-р. Лоренс Вилсон