Менопаузата е природна појава низ која поминува секоја жена кога ќе влезе во одредени години, што е воглавно помеѓу триесет и пет и педесет години. Повеќето жени се неспремни за појава на симптоми од ваков вид, па се создава паника бидејќи тоа го означува крајот на нивната плодност.
Иако симптомите се изненадни и траат одредено време, тие се потполно природни.
Нередовниот циклус е првиот и највообичаениот симптом на менопаузата. Тој е резултат на нестабилноста на хормоните во вашето тело, кои работат до крајот на вашата плодност.
Неудобност при спиењеЖените кои поминуваат низ менопауза може да патат од несоница, бидејќи не можат да спијат поради брановите на жештина кои одвреме навреме ги имаат. Освен снабдувањето на телото со етроген, и снабдувањето со прогестерон опаѓа во периодот на менопауза.
Вагинална сувостПоради намаленото производство на естроген, кој е одговорен за одржување на влажноста на вагината, вагиналното ткиво почнува да се суши и станува помалку еластично.
Напнатост и депресијаНапнатоста и депресијата можат да ја совладаат жената која поминува низ менопауза. Вознемиреноста и чувството на губење на емоционалната стабилност се вообичаени симптоми, како и нападите на паника и физичките знаци како забрзана работа на срцето и отежнато дишење.