Home / алтернативна медицина / Што сонувате – покажува какви здраствени проблеми имате

Што сонувате – покажува какви здраствени проблеми имате

 

Woman asleep in bedИако има исклучително малку научни сознанија кои упатуваат на тоа дека соништата и одредени симболи во нив можат да предвидат реални здравствени симптоми, постојат одредени докази кои укажуваат на тоа дека повеќе соништа, чудни или повторувачки соништа имаат важно значење кога е во прашање физичкото здравје.

Имате треска

Според лекарите од клиниката Мејо, доколку ги игнорирате знаците дека сте болни, стравичните соништа тоа ќе ви го стават до знаење. Доколку не сте обрнувале внимание на сигналите кои ви ги испраќа телото, утрото по кошмарот сигурно ќе ви го сврти вниманието.

SleepCycle

Под стрес сте

Многу од нас ги игнорираат знаците дека телото е изложено на стрес повеќе од вообичаено. Кога е тоа случај, тие проблеми можат да не следат и во кревет. Стресот понекогаш може да се манифестира во вид на соништа во кои пропуштате авион или во кои кон вас доаѓаат големи бранови. Понекогаш посебно бизарен сон може да биде знак дека е потребно да забавите.

Имате ниско ниво на шеќер

Доколку лицата со дијабетес почувствуваат сериозен пад на нивото на шеќер, еден од симптомите може да бидат ноќните кошмари. Земањето премногу инсулин или одредени лекови можат да го предизвикаат овој пад.

dreaming-of-my-mother-270

Бремени сте?

Многу мајки можат да посведочат за поголем број соништа во текот на ноќта. Во текот на тие девет месеци бројот на соништа се зголемува, а чудните и исклучително живи соништа стануваат почести.

Момент за барање стручна помош

Доколку стресот и нервозата можат да предизвикаат чудни и понекогаш вознемирувачки соништа, не е за изненадување фактот дека сериозни ментални состојби можат сериозно да влијаат на вашиот сон – биполарно пореметување може да предизвика сериозно бизарни соништа кај одделни лица.

Доколку забележите дека имате се поголем број чудни и вознемирувачки соништа важно е да се консултирате со лекар. Барањето стручна помош во голема мерка може да ви го подобри квалитетот на сонот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top