Home / сведоштва / Што се случува со душата по смртта? – објaснување на научниците

Што се случува со душата по смртта? – објaснување на научниците

И денешната генерација научници упорно се обидува да ја расчисти мистеријата која ја опкружува смртта. Ова се нивните засега најиздржани научни теории за тоа што се случува со човекот кога срцето ќе престане да чука и мозокот ќе престане со работа.

Ништо не се случува

Souls-of-Man-Human-Person-Leaves-Where-Light-Eternal-Forever-Creation-Evolution-Explained-Life-Essense-Destination-Hell-Destroyed-Perish-Hades-Evil-Path-Up-Kingdom-Heaven-God-PathД-р Венди Рајт, невролог на Универзитетот Емори е во редот на научното мнозинство кое тврди дека после смртта не се случува ништо спектакуларно. Тоа што некои пациенти гледаат светло, ги среќаваат блиските и чувствуваат мир, е само трик на мозокот предизвикан од испуштањето на ендорфинот, хормонот на среќата и задоволството.

Душата може да се одвои од телото

Според д-р Брус Грејсон, психијатар на Универзитетот во Вирџинија, умот може да функционира независно од телото. Својата теорија ја темели на неговите истражувања над пациенти кои имале т.н. блиски средби со смртта, во кои искусувале патување кон светлина проследено со неверојатен мир, љубов и чувство на напуштање на физичкиот свет. Многу други психијатри и невролози ваквите искуства ги припишуваат на халуцинации кои се случуваат поради огромниот стрес во такви моменти. Но, според д-р Грејсон тоа не е издржано бидејќи таквите искуства пациентите ги имале во моменти кога мозокот воопшто не им работел.
Никогаш не умираме

Експертот по биоцентризам Роберт Ланза тврди дека времето и просторот не постојат во објективниот свет, туку се само алатки во нашата глава кои ни служат за да го мериме и да го разбереме светот околу нас. Оттука, не може да се тврди дека постои парче од времето во кое сме постоеле. Всушност никогаш вистински не умираме, смртта е само рестартирање на животот со нови можности.

Душата слободно патува во космосот

Според научниците Стјуарт Хамероф и Роџер Пенроуз, одговорот на ова древно прашање лежи во одредени структури кои се наоѓаат во мозочните келии, а кои во себе носат информации кои даваат свест и не можат да бидат уништени. Според оваа теорија, кога телото умира, тие структури во мозочните келии ја губат квантната состојба, а информациите се ослободуваат и патуваат слободно низ универзумот. Ако лекарите успеат да го вратат телото во живот, тогаш и информациите се враќаат во него, а човекот тоа го доживува како блиска средба со смртта.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top