Home / природен лек / Што се лечат листовите од зелка?

Што се лечат листовите од зелка?

Облогите направени од листови зелка се мошне полезни при лечење на разни болести. Тука можеме да спомнеме болести како што се гангрена, бронхитис, главоболка, глисти, воспаление на грлото, гнојни чиреви, осип и сл.

zelkaСо помош на листови од зелка можеме да лечиме и воспаление на тетивите, болки во зглобовите, болки во колениците, проширени вени, мигрена, воспаление на мускулите, акни, изгореници, отоци и сл.

За лечење на горе набројаните болести и потешкотии, а ги има навистина многу, најдобро е да ги користите најголемите листови од зелката. Се употребуваат сите видови зелки за лечење, но најефикасна е црвената зелка. Пред употреба листовите се мијат и се сушат, па се поставуваат на болното место. Се прицврстуваат со завој и фластер, па треба да отстојат цела ноќ, додека спиете. Секој ден се прави нова облога.

Дијареа и чир на желудник

Доколку секојдневно консумирате по една или две чаши свеж сок од зелка помеѓу оброците, можете да го решите проблемот со дијареа или да го смирите воспалението на цревата. Исто така, три чаши сок од свежа зелка на ден е најдобриот лек за чир на желудникот.

Слабокрвност

Заради нејзината голема количина на минерални соли, витамини и хлорофил, се препорачува слабокрвните луѓе да јадат свежа зелка или обарена на пареа, како и секојдневно да консумираат по две чаши свеж сок од зелка, кој лесно ќе го направите во соковник.

Зараснати нокти и воспаленија на жлездите

Зараснатите нокти и воспаленијата на жлездите проследени со гној лесно се решаваат со листови од свежа зелка, кои го впиваат и извлекуваат гнојот.

На загноеното место ставете три листови од зелка така што ќе покријат голема површина, доколку е можно преврзете го местото и оставете ги да отстојат неколку часа, па и цела ноќ. Постапката може да се повторува сè додека заболеното место не оздрави.

Рани

Лековитите својства на зелката се многу познати и кога станува збор за раните. Зелените листови се мијат во вода и се бришат, се израмнуваат со сукало или шише, па се сечат во потребната големина. Пред да ги ставите на раната или на болното место, загрејте ги сосема малку во микробранова печка. Обложете ја раната со листовите од зелка, така што истите да ги преминуваат нејзините рабови. На почетокот листовите се менуваат на секои два часа, а потоа на секои четири часа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top