Иако главоболката е чест симптом, сепак во 90% од случаите е симптом на благо пореметување кое може релативно лесно да се отстрани.
Под главоболка се подразбира болка во главата, трајна или повремена, ретка или зачестена, дифузна која ја зафаќа целата глава или локaлизирана на едно место. Таa претставува една од најчестите симптоми со кои се среќаваме во секојдневниот живот, но мошне често и пропратен симптом на многу болести. Повеќето лица кои страдаат од повремени главоболки, ги прифаќаат често како составен дел од животот, а истовремено е и проблем со кој лекарите најчесто се среќаваат.
Обично се јавуваат болните кои страдаат од хронична главоболка или имаат помалку акутни силни главоболки со бурен почеток. Таквата силна главоболка е сериозен симптом и може да биде знак за сериозни и тешки болести па таквите пациенти е потребно итно да се прегледаат и ако е потребно да се хоспитализират.
Општо се вели дека болката е една од природните и најраните знаци на болеста, и по неа луѓето ја расудуваат присутноста нa болеста. Поради болката како прв симптом, без оглед на природата, местото и причината на болката, на лекар се јавуваат околу половина од сите болни, па решавањето на симптомот на болката за лекарот е особено важен проблем.
Долготрајната болка, кај таканаречените хронични болни синдроми, не е само проблем во смисла на лекување, туку и претставува и економски проблем, а всушност главоболката е една од најчестите болни манифестации.
Иако главоболката е чест симптом се чини дека кај секој човек се јавува барем еднаш во текот на животот, за среќа не претставува знак за некоја опасна болест, туку во 90% од случаите е симптом на благо пореметување које релативно лесно може да се отстрани.
Се смета дека 15-20% од сите луѓе патат од трајни главоболки или пак повремени главоболки.
Нејзината појава е најчеста во период отпомеѓу 25 и 65 години од животот, почеста е кај жените, во урбаната популација и популацијата на развиениот свет, но и кај лицата чија професија побарува престој во затворени простории со седење, психички напор и зголемена концентрација.
Што е тоа што не боли во главата?
Болката, односно главоболката може да настане само во околните ткива или структури на главата кои имаат чувствителни (сензитивни) завршетоци за болка, а тоа се:
· Кожата, поткожното ткиво, мускулите, апоневрозата;
· Покосницата, окото, забите, солзната носната и усната шуплина;
· Големите артерии;
· Големите вени и венски синуси;
· Деловите на тврдата мозочна обвивка, синусите и дупликатурите на обвивките;
· Сензитивните мозочни нерви и корени, како и соодветните ганглии
Дали сте знаеле дека…
Факторите кои доведуваат до појава на болка, односно до надразнување на нервните структури кои се чувствителни на болка може да бидат механички (притисок, истегнување), физички (промени на температурата, електрична струја) или, што е најчесто, хемиски (надворешни или внатрешни).
Главоболката често се јавува при промена на времето. Многу од луѓето се вбројуваат во така наречениот збир на метеоропати, т.е. лица кои се особено чувствителни на промените на времето, т.е. промените на временските фактори и притисокот на воздухот, каде главоболката се појавува пред да започне промената на времето, кај надоаѓачките циклони или антициклони, посебно често кај нискиот притисок на воздухот, а ова покрај главоболка може да предизвика и промени на расположението, раздразливост и депресија.
Често главоболката може да се појави поради специфичната исхрана или одредените навики кај лицата кои нередовно се исхрануваат, долго време се без храна или ги прескокнуваат оброците, посебно ако се на разните диети за слабеење, а понекогаш и во врска со земањето на поедини намирници кои го погодуваат настанокот на главоболката. Тоа е посебно чест случај кај мигрената, каде често се опишува поврзаноста на нападите на мигрената со одредена храна односно пијалок.