Home / природен лек / Што да пиете кога сте гладни, нервозни, отечени – пијалоци за спас

Што да пиете кога сте гладни, нервозни, отечени – пијалоци за спас

Сите во фрижидерот имаме млеко и вода, но дали сте знаеле дека овие ефтини пијалоци можат многу да направат за вас, освен да ви ја згаснат жедта? Еве кои се тие.

mlekoДа ги зацврснете мускулите: Млеко

Млекото е тука за вас кога сакате да направите мускулна маса. Во него се наоѓаат протеини и казеин кои содржат есенцијални амино киселини.

Да ослабете: Зелен чај – Сок од грејпфрут 

Ако го пиете светски најраспространетиот пијалак, зелен чај, ќе го забрзате метаболизмот и така ја контролирате вашата тежина. Потребно е да внесете четири шолји од овој чај за најдобар ефект. Исто така, сокот од грепфрут има големо влијание за губењето на тежината, а ако јадете половина грепфрут со секој оброк, ќе добиете уште подобри резултати.

За да ги опоравите мускулите: Вода – Чоколадно млеко

Најважно е по тренингот да пиете многу вода. Покрај тоа, чоколадното млеко може многу да помогне телото побро да се опорави, поради внесувањето на проетини и јаглени хидрати.

med i vodaЗа настинка: Чај од мед и лимон

Генерално, внесувањето течности во организмот може да помогне за затнат нос, особено ако е во прашање топла супа или чај. Исто така, пробајте да внесете млеко и млечни пијалоци кога сте настинати, бидејќи кај луѓето може повеќе да се зголеми секреција кога се внесува млекото.

За кашлање: Мед

Медот може да помогне за кашлањето предизвикано од инфекции на горниот респираторен тракт, бидејќи ја заблажува задната страна на грлото, а поради слаткоста се лачи повеќе плунка. Внесете повеќе течности кога кашлате, бидејќи така ќе го олесните искашлувањето.

За поспаност: Кафе – Вода

Ако ви се приспие во текот на денот, сигурно ќе посегнете по шолја кафе. Водата исто така може да ви биде од помош ако испиете една чаша откако ќе се разбудите.

kamilica-caj-1328585176-120009Полесно да заспиете: Топло млеко – Чај од камилица

Во 19-от век, Брендито беше многу популарен седатив. Ако сакате безалкохолна варијанта, обидете се со чај од камилица или шолја топло млеко за подобар квалитет на сонот.

За варење: Билни чаеви – Вода

Ако пиете вода додека јадете или по оброкот, му помагате на метаболизмот побрзо да ја свари храната. Истото својство го имаат билните чаеви, особено нането. Додајте и малку цимет за уште подобар ефект.

За зачинета храна: Млеко – Јогурт

Мастите и протеините во млекото и јогуртот можат да го намалат „жарењето“ од лутата храна, но внимавајте бидејќи немасното млеко го нема истиот ефект.

orange-juice-212x300За мамурлук: Вода – Џус – Шејк од банана

Внесувањето на многу вода е клучно за намалување на мамурлакот. Но, ако е предоцна за тоа направете шејк од банана и спанаќ. Овие две намирници се богати со калиум кој ги надокнадува изгубените електролити од внесувањето на премногу алкохол. А бидејќи алкохолот го намалува шеќерот во крвта, чаша џус може да помогне нивото на шеќерот да се врати во нормала.

За лош здив: Вода

Киселини во кафето, сокот и слатките напитоци можат да влијаат на вашиот здив, па затоа е најдобро да ги измиете така што ќе се напиете чаша вода.

За глад: Млеко 

Ако пиете многу вода меѓу оброците, ќе ви се намали чувството на глад, а ако пиете млеко ќе се чувствувате сити подолго време.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top