Home / Болести и лечење / Шест најчести рани симптоми на рак на желудник

Шест најчести рани симптоми на рак на желудник

Ракот на желудник е еден од најболните облици на рак, но честопати болката се јавува подоцна, додека во раната фаза се појавуваат други симптоми.

Неретко, во раната фаза овој тип на рак не предизвикува никакви препознатливи симптоми, смета д-р Умут Сарпел.
Д-р Сарпел за Women’s Health ги посочува најчестите симптоми на кои треба да обрнете внимание.

Крв во столицата или повраќање

Доколку крварењето е поврзано со рак на желудник, крвта е обично темно кафеава па дури и црна, додека крвта која се јавува при повраќањето има светло црвена боја и делува рапаво.

Болка во абдоменот

Болката која ја предизвикува ракот на желудник не е краткотрајна, туку таа е тапа болка која трае долго, а најчесто се јавува по средината на стомакот.

Надуеност, дијареа или тврда столица

Појавата на рак може да влијае на работата на дигестивниот систем и да предизвика надуеност, но овој симптом ретко асоцира на рак. Сепак, доколку истиот е пропратен со некои од другите симптоми, може да станува збор за нешто посериозно.

Брзо губење на апетитот

Еден од раните симптоми на овој вид рак е и губењето на апетит при јадењето. Обрнете посебно внимание на овој симптом доколку таквото однесување е нетипично за Вас.

Необјасниво губење на тежината

Губењето на тежината може да биде симптом на бројни здравствени проблеми и болести, како што се дијабетесот, Кроновата болест, но и ракот на желудник. Секое необјасниво губење на килограмите е причина за посета на доктор.

Често подригнување

Подригнувањето и чувството на топлина во градите, честопати е симптом и на други дигестивни проблеми, но може да се појави и како симптом на рак.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top