Home / Болести и лечење / Сексуални болести кои можете да ги добиете преку орален секс

Сексуални болести кои можете да ги добиете преку орален секс

Иако сексот во последните неколку децении доживеа вистинска револуција и за него јавно и отворено сè повеќе се зборува, постојат прашања на таа тема кои сè уште будат непријатност кај луѓето.

seks1-300x165Колку грубиот секс може да биде опасен, може ли со настинка да го заразите партнерот за време на сексот, дали е нормално тоа што никогаш не сте доживеале оргазам, дали играњето со храна во текот на водењето љубов е опасно, се само некои од прашањата кои си ги поставувате, но барањето на нивните одговори често е многу непријатно.

Постои ли храна која ќе овозможи вашиот полов орган да има прекрасен вкус? Како што различно изгледаме и различно мирисаме, така и секој од нас „таму долу“ има поинаков вкус. Ако сте несигурни за прашањето на сопствениот вкус и сакате да го подобрите, обидете се со консумирање повеќе овошје и зеленчук како ананасот и целерот кои го ублажуваат вкусот на вагиналните течности, а избегнувајте ги месото, рибата и млечните производи кои имаат сосема спротивен ефект. За ублажувањето на вкусот на половите органи помага и пиењето големи количини вода.

Дали се пренесува настинката преку орален секс? Вирусот на настинката се пренесува преку капки од кашлање, кивање или зборување, како и преку допир на носот или устата со прсти на кои се наоѓаат заразните капки. Затоа, технички, со орален секс нема да го заразите партнерот или тој вас. Меѓутоа, ако во жарот на страста ги допирате гениталиите со рацете, а пред тоа сте ги допирале носот или устата, шансите за заразување се зголемуваат. Блискиот контакт со настинатото лице ги зголемува шансите за вдишување на вирусот на настинка, затоа најдобро би било неколку дена, сепак, да практикувате платонска љубов.

Дали играњето со храна за време на сексот е опасно? Иако во голем број филмови се прикаж сексуални сцени зачинети со разни прехранбени продукти, храната сепак, треба да се држи понастрана од интимните делови на телото. Вагиналните бактерии обожаваат да се хранат со шеќер, па затоа на сите традиционални продукти, како шлагот, топената чоколада и медот, треба да им се ограничи пристапот.

Со храната можете да си поиграте, но ограничете ја на одредени делови на телото, како нозете, рацете, стомакот или грбот, и бидете внимателни, бидејќи во допир со гениталиите можат да предизвикаат инфекции.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top