Home / алтернативна медицина / Само 10 минути масажа дневно – Зу сан ли или точката на бесмртноста

Само 10 минути масажа дневно – Зу сан ли или точката на бесмртноста

Една јапонска легенда вели дека пред многу време живеел еден среќен човек кој од својот татко добил непроценливо богатство – знаење за точката на долговечноста или за точката од стотина болести. Почитувајќи ја заповедта од својот татко, синот секојдневно ја масирал оваа точка и ги доживеал раѓањето и смртта на неколку цареви. Масирањето на точките е една од најстарите методи на лекување на Истокот и се користи неколку илјади години. Телото на човекот има 365 точки и 12 главни меридијани, што потсетува на бројот на деновите и месеците во една година.

92889FB141285E4FA636F15684931CBCДејствувањето на таквата масажа (акупресура, притисок со прстите врз одредена точка) е засновано на учењето за меридијаните и каналите кои се поврзани со одредени органи. Во кинеската медицина на телото се гледа како на енергетски систем, па така преку масажата може да се влијае на текот на енергијата и на функционалната активност на органите.

Активирањето на точката зу сан ли дава траен подмладувачки и исцелувачки ефект и го одложува стареењето. Во Кина е позната како точка на долговечноста, а во Јапонија како точка од стотина болести.

Каде се наоѓа?

Точката на долговечноста се наоѓа под чашката на коленото. За да ја пронајдете, покријте го коленото со дланката на раката од истата страна. Точката се наоѓа помеѓу завршокот на малиот прст и домалиот прст во вид на мало вдлабнување помеѓу коските.

Може да ја пронајдете и на друг начин. За тоа мора да седнете на подот, да ги притиснете цврсто стапалата кон под и да ги привлечете кон себе не кревајќи ги петиците од подот. Ќе забележите дека под коленото е направило издигнување, најдете ја неговата највисока точка, ставете прст на неа и заземете ја стартната позиција.

За што е одговорна?

За што е одговорна оваа точка во нашето тело и зошто Јапонците ја нарекуваат точка од стотина болести?

– ја контролира работата на телото во неговата долна половина;

– ја контролира работата на ‘рбетниот мозок во деловите што се одговорни за правилното функционирање на гастроинтестиналниот тракт, половите органи, бубрезите и надбубрежната жлезда.

Со масажата на точката зу сан ли може да зголемите активноста на надбубрежните жлезди, кои ја имаат улогата на главен чувар на здравјето на човекот. Тие во крвта лачат адреналин, хидрокортизон и други важни хормони.

Ако секојдневно ја масирате точката на долговечноста, можно е да се нормализира работата на надбубрежните жлезди, а тие ги имаат следните функции во организмот:

– го нормализираат крвниот притисок;
– ја нормализираат гликозата, инсулинот;
– ги спречуваат воспалитетелните процеси во организмот;
– го регулираат имунитетот.

Исто така, со масирање на точката зу сан ли можете:
– да го подобрите варењето;
– да ги лекувате болестите на гастроинтестиналниот тракт;
– да ги третирате последиците од мозочниот удар.

Масажата на оваа точка ќе ви помогне да ја зголемите самодовербата, да го елиминирате стресот и да го пронајдете внатрешниот склад.

Масирајќи ја точката, можете да излекувате многу болести, како што се запекот, гастритисот, инконтиненцијата и икавицата.

Како да ја масирате?

Подобро е да ја масирате точката зу сан ли во утринските часови, пред ручекот,

со 9 пати со кружни движења во насока на стрелката на часовникот на секоја нога, наизменично ( 9 пати на едната, па 9 пати на другата), во траење од 10 минути.

Пред почетокот на масажата заземете удобна, опуштена, седечка положба. Смирете ги дишењето и концентрирајте се на своите чувства. Влезете во состојба на хармонија и разбирање за тоа дека почнувате процес на оздравување. Таквата масажа има стимулативно дејствување.

Точката можете да ја масирате со прстите или со зрно од кое било жито (хељда, зоб, ориз….), а можете на оваа точка да залепите исечено на половина чешне лук и да го оставите час или два (додека кожата не поцрвени).

Секојдневната масажа на точката зу сан ли во вечерните часови е погодна за слабеење, велат по 400 до 500 грама неделно. Ама немојте да се масирате директно пред спиење за да не си предизвикате несоница.

Точката зу сан ли можете да ја масирате секојдневно, но најдобар ефект се постигнува за време на младата месечина.

– Осум дена по почетокот на младата месечина задолжително масирајте ја оваа точка наутро, наизменично на секоја нога во насока на стрелката на часовникот. Тоа е најдобро време за масажа за јакнење на имунитетот, подобрување на работата на сите органи и за забавување на процесот на стареење.

– Пред ручекот наизменично на секоја нога, како стрелката на часовникот, за подобрување на тонусот, паметењето, работата на кардиоваскуларниот и системот за варење.

По ручекот истовремено на двете нозе – против стрес, нервоза и раздразливост, при главоболка и нарушување на сонот. Навечер во насока спротивна на стрелката на часовникот наизменично на двете нозе за забрзување на метаболизмот и за намалување на телесната тежина.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top