Home / аларм / Ризикот од срцев удар е најголем во 6.30 часот

Ризикот од срцев удар е најголем во 6.30 часот

Американски истражувачи утврдија дека луѓето најчесто доживуваат срцев удар во 6.30 часот.

srce33-300x201До овој резултат дошле со заклучокот дека токму во овој период од денот во крвта има највисоко ниво на протеини кои го забавуваат разградувањето на згрутчената крв.

Научници од болницата Brugham во Бостон и Орегон ги интересирало зошто најголем број срцеви удари се случуваат во утринските часови, па со здружени сили ја барале причината.

Го проучувале нивото на протеини кај 12 здрави и возрасни доброволци две недели и по потреба им го нарушувале природниот циклус на будење и активности. Целта било да утврдат дали природниот часовник или промената на активностите имаат влијание на нивото на протеини, пренесува Daily Mail.

Посебно ги проучувале промените во нивото на протеиниот плазминоген-1 кој го забавува метаболизмот на крвното згрутчување, а токму тој е главниот виновник за срцеви и мозочни удари.

На крајот заклучиле дека протеините се однесуваат според строг ритам и затоа срцевите удари се најчести околу 6.30 часот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top