Создавачот на овој прочуен рецепт е калуѓерката Hildegard fon Bingen, која што живеела пред 800 години.
Подоцна нејзиниот рецепт за срцеви проблеми го превземале и познати доктори, порачувајќи им го на бројни пациенти.
Калуѓерката советувала дека секое домаќинство треба да го има овој рецепт, кој што постигнува необични успеси. Истиот со овoj извор и објаснување го пренесува прочуената билкарка Марија Требем, авторка на книгата „Здравје од божјата аптека“.
Овој природен лек за срце, се покажал како успешен кај срцевите слабости и вистински срцеви заболувања. Се користи кога ќе се почувствуваат срцеви тешкотии како „бодење“, треперење, прескокнување, после стрес.
Потребно е:
10 свежи стебла магдонос (без корен)
литар домашно црно или бело вино
две чажици вински оцет
300 г. природен мед
Подготовка:
Десете свежи стебла магдонос заедно со листовите ставете ги во литар чисто природно вино и додадете 1-2 големи лажици чист вински оцет.
Варете 10 минути на тивок оган (водете сметка, може да пени). После додадете 300 грама мед и оставете лесно да се вари уште 4 минути. Жешкото вино исцедете го и уште топло ставете го во шише, кое претходно е многу добро измиено. Цврсто затворете. Талогот кој што се создава не е штетен и слободно може да се пие.
Употреба:
Напитокот се користи секојдневно, по супена лажица до престанок на тешкотиите. За поголеми проблеми со срцето, потребно е да се користи подолг временски период.
365.com.mk