Home / Болести и лечење / Рамни табани – причини и лекување

Рамни табани – причини и лекување

Оваа добро позната состојба најчесто се јавува како последица на генетскиот фактор,  носење на лоши обувки, дебелина и слично. Во основата на оваа болест е лабавоста на лигаментниот апарат кој може да зафати и други зглобови.

NOZE TABANIКога не е оптеретено, стапалото има нормална лаковидна форма, а тегобите се јавуваат како пореметување на статиката. Важно е што проблемите не се јавуваат за време на детството и затоа за време на систематските прегледи е важно кај детето да се детектираат рамните табани за да може навремено да се интервенира, пренесува Дума.

Оваа дијагноза се препознава со планктограм, односно отисок на лист хартија или комјутерска анализа на чекорењето.

Лекување

Лекувањето е успешно доколку се открие проблемот уште во раната детска возраст и истото се состои од носење на ортопедски чевли и физикална терапија. Со терапија најдобро е да се започне на 4 годишна возраст, а терапијата се состои од комбинирана терапија на одење со боси нозе на нерамна подлога и други слични вежби.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top