Home / нови лекови / Ракот на дојката може да се предвиди 10 години порано со анализа на крв

Ракот на дојката може да се предвиди 10 години порано со анализа на крв

Научниците сметаат дека десет години се доволен период за спроведување превенција и заштитни терапии. Суштината на крвниот тест развиен во Универзитетскиот колеџ во Лондон е да се оценат нивото и брзината на инвалидност на гените од надворешни фактори, како пушењето, консумирањето алкохол, јадењето и влијанието на разни хемиски агенси од животната средина. Важечките во моментов тестови може да воспостават само дали одредена жена е носителка на специфична ДНК, од чија мутација се зголемува ризикот за развој на рак на дојка. Токму таков тест беше причината Анџелина Џоли да се подложи на двојна мастектомија. Овој тип тестови сепак се актуелни само за околу 10 отсто од жените, кај кои ризикот доаѓа од наследувањето.

509447-rak-dojke-1-300x191До неодамна науката немаше решение за прогнозите при можни ненаследни форми на ракот на дојката. Но, новата крвна анализа го пополнува овој недостиг во науката и дијагностиката, кој дава моќна алатка за превенција и за лекување на потенцијалните пациентки. Ова е особено важно при истражувањето жени во посткликмактериум.

Анализата на крвта овозможува да се воспостави колку брзо надворешните фактори може да предизвикаат малигни дегенерирања на клетките во млечната жлезда и во согласност со тоа каков е ризикот. Научниците очекуваат дека при претстојните клинички испитувања процентот на жените во ризик ќе биде доста висок. Воспоставувањето на вистината не треба да ги плаши, туку да ги охрабри за промени во начинот на живеење да се елиминира опасноста.

Научници од Франција и од САД независно едни од други тврдат дека бенките може да бидат ризични, односно да ги зголеми и шансите за развивање рак на дојка.Како што е познато, невусите (бенките) се бенигни кожни израстоци, карактеристични повеќе за луѓето со светла кожа. Се смета дека нивната појава има врска со гените.

dojka gradiНаучниците од францускиот Национален институт за здравство и медицински истражувања -ИНСЕРМ ја истражуваа врската меѓу бенките и ризикот од рак на дојка. За истражувањето се користат здравствените картони на 89.902 француски учителки за период од 18 години. Меѓу оние што имаат многу бенки, ризикот од рак на дојка се покажува за 13 отсто повисок отколку кај другите чија кожа е чиста. Но, кога податоците се споредени со познатите ризични фактори (присуство на бенигни тумори, наследна предиспозиција со рак и сл.), резултатот станува пропорционален со нормална статистичка грешка. Авторите на студијата прогласуваат причинско-последична врска меѓу бројот на невусите и заболувањето од рак на дојка.

Американските онколози се повеќе подготвени да ги прифатат бенките како маркер за ризикот од заболување на млечните жлезди. Тим од Универзитетот на Индијана и од Универзитетот “Харвард” анализирале податоци на речиси 75 илјади американски медицински сестри во текот на 24 години. Истражувачите дошле до заклучок дека жените со 15 или повеќе бенки на рацете имаат до 35 отсто веројатност да развијат рак на дојка. Реалните факти, сепак, покажуваат дека едвај 11,4 отсто од овие жени развиле рак на дојка, а кај другите, без бемки, показателот е несуштински помал или во процент 8,48.

Овие истражувања се важен чекор кон победата над ракот на дојка без оглед дека не го потврдуваат целосно истражувањето меѓу бенките и ризикот од овој вид рак.

Храна што влијае превентивно

dojka-ae546e24Да се излекува ракот е многу потешко отколку да се спречи оваа болест. Без разлика за кој вид канцер зборуваме, одредена исхрана може да влијае превентивно и да се избегне нападот на чумата од 21 век.

Врз основа на повеќегодишно искуство на онколози тие сметаат дека да се избегне ракот е сосема можно и препорачуваат придржување до следниве правила:

Свежи зеленчук и овошје

Ништо не ги заменува даровите на природата – еден зеленчук или овошна салата е многу повеќе од таблета со витамини. Организмот има потреба од с` што раѓа земјата: кромид, зелка, моркови, кајсии, јаболка, лимони, портокали и најважно е тие да се вистински, а не ГМО. Не пропуштајте да комбинирате бизнис со задоволство и според сезоната редовно приготвувајте си овошна или салата од зеленчук. Во судир со ракот предност имаат вегетаријанците: неодамна статистиката покажува кај нив дури 40 отсто намалување на ризикот од онколошки заболувања.

Бидете позитивни, ослободете се од негативните емоции

Науката веќе не ја негира важноста на психичката енергија, иако на сите не им е јасно до крај како влијае. Позитивните емоции го освежуваат организмот. Сегашноста ни е исполнета со доволно стрес, па затоа погледнете мирно на работите и побарајте позитива во секоја ситуација.

Избегнувајте ги цигарите

cigariПасивното пушење е не помалку штетно отколку да запалиш цигара. Дури и да сте убедени во штетноста на тутунот и никогаш не сте запалиле цигара, ако времето често го поминувате во друштво на пушачи, чадот од цигарите може да го зголеми ризикот од рак на белите дробови или дишните патишта.

Внимавајте со алкохолот

Тој брзо се претвора во непријател ако се изгуби мерката на негово консумирање. Докажано е дека алкохолот предизвикува рак на црниот дроб, бубрезите и дури и рак на дојка. Во исто време се смета дека една или две чаши црвено вино на ден го чуваат срцето, а со своите специфични флавоноиди штитат од рак на белите дробови и на мозокот, особено кај луѓето во напредната возраст.

Разумно изложување на сонце

Тоа е извор на живот, но зголемената доза од ултравиолетови зраци на кожата е ризичен фактор за меланом. Сончевите изгореници во детството провоцираат рак во подоцнежни години, па затоа користете сигурни заштитни препарати со потребниот УВ-фактор. Ракот на кожата во медицината се победува со приближно 90 отсто успех, но е подобро да се спречи отколку да бараме лек за последиците од непромислената желба за сончање.

Контролирајте ја својата тежина

fat-stomach-1--283x300Дебелите жени имаат високо ниво на естроген, а тоа според лекарите може да биде од клучно значење и особено опасно за предизвикување рак на дојка. Најефикасен метод за контрола на тежината е да ги ограничите продуктите од животинско потекло и да се занимавате активно со физички вежби.

Намалете ја употребата на сол

Јодираната сол е неопходна за организмот, но ако ја надмине границата на дозволеното, освен високиот крвен притисок, има ризик и за рак на желудникот. Оние што консумираат неконтролирано многу сол, имаат двојно повеќе шанси за стомачни тумори.

Рибата задолжителна на менито

Вклучете повеќе риба во исхраната бидејќи само омега-3 и витаминот Д од рибиното масло директно се апсорбираат од организмот. Истражувањата покажуваат дека рибиното масло спречува развивање на туморските клетки кај најмалку 14 видови рак.

Не игнорирајте ги производи од соја

Во Азија, каде што сојата и производите од соја се дел од секојдневното мени, ракот на дојка е многу ретка појава. Според некои научници, тоа е доказ за корисноста на сојата во превенцијата против ракот.

Пијте зелен чај

Придобивките од зелениот чај се општо познати. Но, освен тоа што му дава сила и отпорност на организмот, зелениот чај го прочистува и го тонизира.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top