Home / Болести и лечење / Прва помош кај бебе и дете ако проголта предмет или храна

Прва помош кај бебе и дете ако проголта предмет или храна

Секоја мајка веројатно го доживеала тој ужасен момент кога детето се засркнало со некое поголемо парченце од морков, јаболко или оревче. Таа ноќна мора сигурно  ја доживеале повеќе од вас и најверојатно ваквите ситуации се решиле сами од себе. Сепак, можеби некогаш ќе биде потребно вие да му помогнете на вашето дете

Во истиот миг се случува детето да се засркне или храната да отиде во дишниот канал. Во тој случај нема време за чекање бидејќи детскиот мозок без воздух може да издржи само 3 до 5 минути, а на итната помош и е потребно најмалку 10 минути за да стигне до вашиот дом. Ова нека биде доволна причина за секој член на семејството да знае како да му помогне на детето во ваква ситуација.

bebe pomos

Прва помош

Легнете го детето на стомак преку колената така што главата и горниот дел од грбот да му висат надоле и со неколку контролирани, не премногу силни движења на дланката удрете го по горниот дел од грбот. Нема потреба од страв да не го повредите детето, бидејќи неговите коски се еластични. Ваквиот начин би требало да му помогне на детето да го исфрли надвор проголтаниот залак/парче. Ако ова не успее, тогаш треба да се обидете со Heimlichov зафат.

Heimlichov зафат за деца кои имаат помалку од една година

Овој зафат се однесува за бебе кое има помалку од една година и се изведува така што бебето се легнува на грб и се врши притисок на точката непосредно под градната коска неколку пати. Ако не успее, можете повторно да се обидете да ја изведете првата метода кога детето е на вашите колена со главата надоле.

Heimlichov зафат кај деца постари од една година

Се спроведува како и кај старите. Застанете му на детето позади грб, опфатето го преку рацете и вршете неколку нагли притискања на горниот дел од стомакот. При тоа детето ќе го исфрли воздухот од плуќата а со тоа и страното тело.

Што да избегнувата во околината на детето?

Покрај сите можни ситни делови од играчки, лего коцки или бомбончиња и ореви кои може да бидат опасни и на кои веќе сигурно внимавате, постојат и некои многу опасни ситуации кои можеби не сте ги земале во обзир, а често прават проблеми:

Мајките наведуваат како пакувањата од палома со преклопени налепници многу често се наоѓаат во устата на детето. Лесно се кинат, а кога парче од таа тенка и леплива фолија ќе се најде во уста, многу лесно може да го попречи дишењето. Затоа, марамчињата и паломите чувајте ги на повисоки места, подалеку од дофатот на вашите деца.

Балоните, посебно пукнатите балони многу се опасни бидејќи детето ако ги стави при уста буквално може да ги вдише и со тоа да ги проголта. Затоа бидете многу внимателни со балоните, а оние дупнатите веднаш фрлете ги во канта за отпадоци.

bebeboom.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top