Home / природен лек / Прополис – природен антибиотик

Прополис – природен антибиотик

Често нарекуван „природен пеницилин“, прополисот има многу ефикасни антибактериски, антивирусни, антисептички, антигабични и антибиотски делувања.

propolisАроматичната смола од билно потекло која пчелите ја собираат од пупките на листовите, најчесто од топола, бреза, бор, ела, див костен и други билки, е темел за изработка на прополис. Оваа смола пчелите ја носат во кошниците, како и поленот, а ја собираат со своите вилици и во неа ги вградуваат своите ензими од плунката и смолестите супстанции настанати со дигестија на поленот.

Крајниот производ се нарекува прополис. Го носат назад во своите кошници, каде се спојува со пчелиниот восок, по што „пчелите работници“ го употребуваат за да го запечатат и стерилизираат гнездото на колонијата. Пчелите прополисот најмногу го собираат на есен, кога според инстинктот, се подготвуваат за зимата.

Медарите го собираат прополисот стругајќи од дрвените делови на кошниците. Сировиот производ поминува низ секундарен процес во кој се отстрануваат пчелиниот восок и други нечистотии пред самата употреба во природни производи (таблети, тинктура, маст).

Прополисот содржи дрвена смола и балзами, пчелин восок, ароматични и етерични масла и полен. Останатите состојки вклучуваат биофлавоноиди (најважната компонента во прополисот), витамини во многу мали количини, голем дел од нив врзани за поленот (Б1, Б2, Б6, Ц, никотинска киселина), рудни соединенија (железо, манган, бакар, цинк) и микроелементи (натриум, калиум, магнезиум, цалциум, и селен во траги). До денес се идентификувани најмалку 180 различни состојки во прополисот. Идентификувани се најмалку 67 видови билки од кои е собиран прополисот.

Луѓето го употребуваат прополисот во различни цели од дамнешни времиња, а особено во медицински цели поради неговиот широк спектар на делување. Често нарекуван „природен пеницилин“, прополисот има многу ефикасни антибактериски, антивирусни, антисептички, антигабични и атибиотски делувања. Тој има широка примена кај различни инфективни и воспалителни болести.

Фармаколошки најважните состојки на прополисот се флавоноиди и различни феноли и аромати. Се смета дека флавоноидите се во голем дел се одговорни за биолошката активност на прополисот, каде што се најдени најмалку 38 активни флавоноиди.

Прополисот има широк спектар на терапевтски ефекти. Меѓу останатото има антимикробно делување, противвоспалително и регенеративно делување (ги зацелува раните и го обновува оштетеното ткиво), потоа имуностимулациско, анестетичко, спазматично делување, потоа антиканцерогено (антитуморско) делување, кардиоваскуларно делување (ја зацврстува структурата на капиларите) како и антиоксидативно делување.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top