Home / нови лекови / Произведуваат црни домати кои помагаат во борбата со ракот

Произведуваат црни домати кои помагаат во борбата со ракот

Црните домати имаат потенцијал да го стопираат растот на ракот, а за прв пат денес се одгледуваат во Велика Британија.

Овој така наречен супер-зеленчук е меѓу првите во светот кои користат anthocyanin – антиоксидант кој може да помогне во битката против ракот така што ги убива ќелиите на болеста.

crni-domati

Необичната боја на доматите доаѓа од пигментот кој го претвора доматот во црн кога е изложен на сонце.

Британецот Реј Браун, 66-годишен, прв пат доаѓа до ова растение откако негов муштерија му пратил пакет со мистериозни семиња наречени „црни домати“. Тој ги посадил и добил навистина црни домати кои пак се покажале многу корисни за здравјето.

„Ние мислевме дека се работи за априлска шега, но кога ги посадивме навистина се изненадивме од производот“ – вели Реј Браун за Дејли.

Извор. think.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top