Неколку природни лекови ја подобруваат циркулацијата, а со тоа влијаат и на вкупното здравје.
Сувиот екстракт од полодот „Aesculus hippocastanum“ ( див костен ), од одамна познат и ценет по лековитото дејство.
Сувиот екстракт содржи многу лековити супстанции ( флавоноиди, катехини и проантоцинидини), и ценет е поради есцинот, кој придонесува за зголемување на тонусот на вените, зголемување на отпорноста на капиларите, намалување на пропустливоста на капиларите, подобрување на циркулацијата со тонизирање на вените, намалување на едемите од лимфната конгестија или од инфламаторно потекло.
Есцинот е регистриран лек во Германија и претставува активна компонента на голем број препарати кои се користат топикално или орално при третман на периферни васкуларни болести, поточно при болести кои се поврзани со капиларна пропустливост и отпорност.
Сувиот екстракт на коренот „Ruscus aculeatus“ (дивиот чемшир) содржи мешавина од стероидни сапонини , кои ја подобруваат венската циркулација и лимфниот проток и ги штитат внатрешните ѕидови на вените од оштетување. Се користи во болести на крвните садови, дејствува антивоспалително и спречува формирање на едем.
Сувиот екстракт од листовите од „Ginkgo biloba“ ( гинко ) содржи флавоноиди кои ја намалуваат капиларната кршливост и пукањето на капиларните ѕидови, го зголемуваат протокот на крвта низ капиларите и ја подобруваат периферната циркулација. Гинко одамна е познат како еликсир на младоста и долговечноста .
Боровинката ( Vaccinium myrtillus, f.Ericaceae ) содржи флавоноиди, антоцијани, витамин Ц и друго. Дејствува протективно на вените и капиларите, адстрингентно, антимикробно, антиинфламаторно и антидијабетично.
Експериментално и клинички е докажано дека антоцијаните, како и флавоноидот рутин, дејствуваат на вените, а особено на капиларите, така што ја зголемуваат отпорноста на овие крвни садови, намалувајќи ја нивната пропустливост и на тој начин не доаѓа до нивно пукање. Поради таквото дејство, плодовите, сокот и екстрактот од боровинката се препорачуваат за болни од венопатии и капиларопатии на екстремитетите.
Сув екстракт од „Hamamelis virginiana“ е исклучително богат со танини и флавоноиди. Благодарение на својот состав има добро анти-воспалително, аналгетско, адстрингентно дејство, поради што се препорачува во сите пореметувања на венската циркулација ( проширени вени, хемороиди, воспаление на вени , и слично ..
Етеричното масло од Cypresus scariosus ( кипарис ) има долговеквна репутација како одличен хемостатиц, адстрингенс, и има вазоконстрикторен ефект. Покажува одлични резултати во третманот на хемороиди (ја намалува и ја елиминира болката и крварењето).
Примена на етерично масло Citrus limonum ( лимон) благодарение на добрите антисептилни и бактерицидни активности е важен во третманот на проширени вени и капилари , особено хемороиди.
Растителните екстракти со капиларопротективно дејство се применуваат во облик на топикални препарати ( гелови, креми, масти ) и препарати за орална употреба ( таблети, тинктури ). Што се однесува до појавата на несакани ефекти, важат за релативно безбедни. Хербалните лековити средства наменети за третман на капиларопатии покажуваат значајна ефикасност во зголемување на капиларната отпорност и превенција од прскање на капилари, но не можат да ги репарираат веќе оштетените капилари и да предизвикаат отстранување на пурпурно-црвените дамки што се резултат од нивно прскање. За поголем ефект, се препорачува доволен внес на витамин C ( капиларната фрагилност честопати е последица на дефицит од овој витамин ). Употребата на фитопрепарати со капиларопротективно дејство е неопходна после оперативни зафати за отстранување на оштетени капилари ( склеро терапија, ласерски третмани ) поради потентното профилактичко дејство.