Home / Болести и лечење / ПРЕПОЗНАЈТЕ ГИ ПРВИТЕ ЗНАЦИ НА САЛМОНЕЛА

ПРЕПОЗНАЈТЕ ГИ ПРВИТЕ ЗНАЦИ НА САЛМОНЕЛА

Луѓето инфицирани со салмонела, развиваат дијареа, повраќање, треска и абдоминални болки во период од 12-72 часа. Болеста трае од 4-7 дена, поретко со хоспитализација. Доколку не се третира со антибиотици, може да заврши со смрт. Салмонелата се пренесува обично преку храна која е контаминирана со животински фецес, но на око делува сосем исправно.

Соодветната термичка обработка на храната, ја убива салмонелата. Храната може да биде и инфицирана преку нечисти раце или подлога за храна фаќана со нечисти раце, од измет. Исто така може да се најде и во допир со животни или нивен измет, рептили, птици. Затоа превентивно, мијте ги рацете веднаш по секој допир на животното или неговата околина.

Tретирање:

миење раце по контакт со кујнски површини или прибор кој дошол во контакт со термички необработено месо или изнутрици
миење раце по контакт со животни или нивна околина
храната како месо, изнутрици, млеко, јајца, термички да се обработува
зеленчукот и овошјето да се мијат добро, како и подлогите на кои се подготвува храната и приборот за јадење
крос-контаминација- да не се чува заедно неподготвената со подготвената храна,
луѓе со дијареа не треба да подготвуваат храна, да работат со други болни, ниту да одат на работа, додека ја имаат.

Луѓето со дијареа можат да дојдат до дехидратација на организмот, затоа треба да се третираат со инфузија. Антибиотици како ampicillin, trimethoprim-sulfamethoxazole, или ciprofloxacin, не се секогаш потребни. За да се избере вистинскиот антибиотик, треба да се направи антибиограм, за да се види на кој лек е најмалку резистентна бактеријата.

Употребата на масло од оригано за третман на салмонела се препорачува поради неговите антимикробни својства. Активните компоненти на ова масло (фенолите) имаат својство да ја уништат бактеријата која го предизвикува труењето. Исто така, може да се користи и самиот зачин од оригано, меѓутоа маслото има поголем ефект. Поради можноста на појава на несакани ефекти (алергиска реакција),најдобро да се консултирате со хербалист или фармацевт.

Прекумерната дијареа (пролив) може да доведе до губење на нутритиентите од организмот, кои може да се надокнадат со земање на електролити и доволни количини на вода. Исто така, може да се користи таканаречената BRAT диета, која се состои од консумација на банани,јаболка,ориз и тост. Овие намирници ќе ја направат столицата поцврста, со што се намалува дијареата. Треба да се избегнува храна која ќе ја влоши состојбата како што се млечни производи, зачинета храна и шеќери.

SkopjeInfo.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top