Home / аларм / Предизвикува ли цуцлата проблеми со забите и ненадејна смрт кај бебињата?

Предизвикува ли цуцлата проблеми со забите и ненадејна смрт кај бебињата?

Доколку се користи само до вториот роденден, цуцлата лажалка не може да предизвика проблеми со забите.

Овие цуцли ги отвараат дишните патишта, бидејќи бебињата постојано го поместуваат јазикот и усните.

cucla bebeНовородените бебиња, кои редовно користат цуцла поретко имаат синдром на ненадејна смрт (СИДС), а тој најчесто се јавува од вториот до 14 месец. На ова укажа американскиот педијатар и автор на бестселерот „Кога новороденчето ќе пристигне во домот“, д-р Џенифер Шу.

– Цицањето на цуцлата лажалка ги отвара дишните патишта, бидејќи постојано се мрдаат јазикот и усните, а тоа го спречува бебето да потоне во длабок сон, кога најчесто доаѓа до нанадејна смрт, вели таа.

Американската академија на педијатри им препорачува на родителите на новороденчињата пред да ги стават во креветот да спијат, задолжително да им дадат цуцла лажалка и на тој начин да се успијат.

Тоа никако не значи дека на неа се инсистира, ниту да се бдее над креветчето и цуцлата да се враќа во устата на бебето, доколку му падне.

Цуцлата не може да предизвика проблеми со забите, доколку се користи до вториот роденден.

– На бебињата, кои енергично ја цицаат, треба да им се укине околу 18-от месец, советува Џенифер Шу.

Истражувањата покажале дека децата постари од три години, кои и натаму користат цуцла почесто имаат воспаление на средното уво.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top