Home / сведоштва / Потресна приказна на девојче од Скопје: Вака Мери го победи ракот

Потресна приказна на девојче од Скопје: Вака Мери го победи ракот

Мери кога имала само осум години и било потврдено дека има рак на коски, поради што и ја изгубила својата нога.

Таа имала таков облик на рак, поради што нејзината нога морала да биде ампутирана. Таа го раскажува секој момент од борбата со оваа пеколна болест.

Мери сега повеќе нема рак, но сепак останала без нога. Сепак, таа е позитивна девојка и ништо не ја спречува да живее живот ист како и нејзините врсници.

Нејзината мајка Драгана и татко и Миле, раскажуваат дека Мери во 2012 година после гимнастика се пожалила дека ја боли ногата, а 15 дена после тоа и е потврдена дијагноза дека има рак на коски.

Поради оваа болест Мери морала да оди на хемотерапија, а родителите велат дека во тој момент многу се плашеле, но морале да имаат сила за да продолжат напред, без откажување.

Во мај 2012 година ја почнала својата прва хемотерапија. Косата почнала да и паѓа, а сега вели дека има убава коса, како никогаш претходно.

На родителите, после шестата хемотерапија им било предложено да се направи замена на потколеничната коска. Резултатите после операцијата биле одлични, но за неволјата да биде уште поголема, Мери после пресадувањето на коскената срж паднала и ја скршила бутната коска на таа нога. И тогаш лекарите предложиле ампутација. Сите лекари биле изненадени зошто се случило тоа, после толку добри резултати.

После ампутирањето на ногата, родителите, сакале да се обратат до некоја клиника во странство. Заминале во Милано, а таму им било соопштено дека Мери има метастаза на белите дробови.

После ова, започнала уште една борба. За среќа Мери реагирала добро на терапиите и после четвртата терапија покажало дека на белите дробови нема ништо. Мери се вратила назад во Скопје со своите родители. Набавиле протеза за ногата.

Нејзината борба долго траела, но никогаш не се откажала. Се борела со насмевка на лицето и со позитивност.

Izvor – SkopjeInfo.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top