На земјата постои едно племе чии житли никогаш не боледувале од рак, мозочен удар, неизлечливи вируси – тие се мистерија и за научниците.
Племето Тарахумара, живее на дното на Кањон, во планините Сиера Мадре, северно од Мексико.
Жителите се сите витки и здрави, а во одлична физичка форма се и по 90 тата година од животот. Најголемиот дел од нив умира од длабока старост и има дел од несреќни случаи.
Натприродно се издржливи, можат да трчаат и до 200 километри одеднаш. Пацифисти се и во нивниот речник не ни постои зборот насилство, освојување и суровост. Тие живеат во општество во кое нема казни, бидејќи нема злосторства. Нема социјални групи, бидејќи нема богатии сиромашни. Тие дури немаат парични единици.