Home / аларм / Поскапите лекови не се и подобри – апчињата не смеат да се кршат пред пиење

Поскапите лекови не се и подобри – апчињата не смеат да се кршат пред пиење

Кај поскапите видови аналгетици ја плаќате амбалажата и рекламата, а тоа особено се однесува на лековите што влијаат на одреден тип болка, објаснуваат експертите.

“Основните аналгетици кои содржат парацетамол и ибупрофен се подобар избор од двојно или од тројно поскапите лекови. Иако за некои лекови се тврди дека дејствуваат побрзо, брзината со која се апсорбираат е маргинална. Нормалните аналгетици дејствуваат за 20 до 30 минути, а капсулите со гел може да се апсорбираат побрзо во желудникот и во цревата, а се работи за само неколку минути”, велат лекарите.

pill-apceГолем број аналгетици содржат коефин за зајакнување на нивното дејство, а лековите со кофеин се навистина поефикасни. Студиите докажуваат дека лекот со кофеин и до 40 отсто поделотворно влијае на болката. Кај случаите со главоболка кофеинот би требало да ја намали болката со стеснување на крвните садови, но со тоа не се согласуваат сите.

Аналгетиците не се земаат на празен желудник

Разбудувањето со болка ве става во искушение моментно да земете аналгетик, но тоа е најлошата работа што можете да ја направите, особено ако е во прашање ибупрофенот или некој друг нестероиден противвоспалителен лек бидејќи тие ја оштетуваат слузницата на желудникот. Идеално е пред или со таблетата да испиете млеко или јогурт.

“Немојте да ја пиете таблетата со само една голтка вода, туку испијте ја со што повеќе вода за да ја намалите концентрацијата на лекот во растворот, а со тоа и да ја намалите можноста за оштетување на слузницата”, препорачуваат лекарите.

Сепак, лековите што содржат парацетамол може да се земаат на празен желудник бидејќи е докажано дека не влијаат на слузницата.

Вистинско време за лек

depresija apcinjaГолем број луѓе ги земаат аналгетиците во погрешно време и се жалат дека не им дејствуваат, а тоа особено се однесува на менструалните болки, кои се јавуваат како последица на испуштањето на простагландин кој ги стеснува крвните садови во матката за да се ограничи крвавењето. Резултат на тоа се грчевите и болката, но процесот почнал дури еден ден пред менструацијата.

“Жените што имаат болни менструации би требало да почнат да земаат аналгетици еден ден претходно за да им влијаат целосно. Воопшто е подобро што побрзо да земете аналгетик по појавата на болката”, велат лекарите.

За возрасни пациенти подобри се геловите

Како што старее телото, с` потешко ги апсорбира хемикалиите во лековите, па тие подолго се задржуваат во организмот, а повозрасните луѓе би требало строго да внимаваат да имаат доволна разлика во времето меѓу дозите на лековите.

Нивните бубрези, срце, црн дроб не работат така добро, па и на лекот му е потребно подолго време за да почне да дејствува. Затоа кај нив подобро дејствуваат фластерите против болка, како и аналгетиците во кремови или гел.

Големите дози аналгетици во пилули се поврзани со ризикот од настанување згрутчување на крвта, а кај постарите пациенти тоа има двојна опасност.

apceТаблетите не треба да се кршат

Повеќето луѓе претпоставуваат дека со земањето пола аналгетик ќе се намали болката, но и ризикот од нуспојави за организмот. Но, експертите тврдат дека таблетите што немаат црта, не би требало да се кршат, бидејќи помалата доза нема да влијае, а по некое време ќе земеме уште. Со тоа болката ќе биде посилна, а лекувањето неефикасно, објаснуваат лекарите.

И една таблета може да биде штетна

Дури и ако не се надминува препорачаната дневна доза на аналгетикот, земањето на две таблети наместо една може да биде штетно за здравјето.

“Со тоа буквално може да се стопат ензимите во црниот дроб кои треба да го метаболизираат лекот, а претерувањето со дозата на лекот може да заврши и со откажување на тој важен орган”, предупредуваат лекарите.

Поголема главоболка по земањето на лекот

Земањето таблети против главоболка или мигрена повеќе од десетпати во месецот може да предизвика уште почести напади на болка. Со тоа се намалува толеранцијата на лековите, а може да се промени и функционирањето на самата мигрена. Кај појавата на честите мигрени се советува да се користат природни начини како хомеопатија, акупунктура или масажа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top