1. Храната богата со влакна како бобинки, ореви, зеленчук, и житарици во текот на летото би требало да биде дел од вашиот состав на исхрана.
2. Црвеното месо заменетe го со риба, лососoт и сардината содржат големи количини на калциум кој помага во намалување на потењето. Подеднакво дејствување имаат портокалите и брокулите.
3. Ним е позната индиска билка која значително помага кај потењето бидејќи е силен антиоксидант. Во шолја топла вода додајте прстофат прав од оваа билка и промешајте. Доколку вкусот ви е горчлив, додајте малку лимон и мед. Чајот консумирајте го најмалку трипати дневно, а најважно е наутро да го пиете на празен стомак.
4. Маслиновото масло користете го како додаток на салати и варива, тоа обилува со антиоксиданти и полесно се вари од другите билни масла.
Избегнувајте маргарин и сончогледово масло кај подготвувањето на храна, на високи температури тие се претвораат во штетни состојќи кои телото ги исфрла преку порите на кожата.