Home / аларм / Плодноста на жената значително опаѓа после 32-та година од животот

Плодноста на жената значително опаѓа после 32-та година од животот

Плодноста на жената значително опаѓа во 32-та година од животот, а уште побрзо по 37-та година, велат експертите.

Познатите светски акушери и гинеколози уште еднаш јавно проговорија за плодноста на жената. Тие истакнаа дека женската плодност значително опаѓа во 32-та година од животот, а уште побрзо по 37-та година.

bremena4“Оваа изјава не е наменета како аларм и присилување за жените. Исто така ние не зборуваме за тоа дека возраста е единствената причина за потенцијална неплодност. Значи, не сакаме да им кажеме на жените дека мораат да родат до тие години. Единствено нешто што сакаме да им порачаме се фактите и временската рамка со цел да знаат тие самите да се организираат”, порачале докторите.

Иако овие пораки за момент можат да делуваат како возрасна дискриминација, стручњаците велат дека не е. Тие напоменуваат дека плодноста е навистина поврзана со возраста на жената и тоа е чиста биологија. Многу е полесно да зачнете во раните 30-ти години, отколку во доцните 30-ти години, велат експертите.

Жените кои го одложуваат мајчинството, дефинитивно треба да водат грижа за своето репродуктивно здравје, а исто така да внимаваат и на исхраната. Имено, голем број на студии покажале дека нездравиот начин на живот ја намалува плодноста.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top