Многу едноставната и делотворна метода на превенција и лекување со помош на масло по илјада години е предмет на голем интерес и од струката и од јавноста. Станува збор за метода која ~ припаѓа на ајурведската медицина и е темелно опишана во древните индиски списи.
Санскритскиот збор ајурведа се преведува како знаење за животот и долговечноста. Овој традиционален начин на лекување, кој повеќепати се покажал како успешен во практиката, препорачува повеќе методи за чистење на организмот, а една од нив е плакнењето масло во устата. Со оваа метода отстранувањето на отровните материи од телото се постигнува преку секојдневно плакнење на усната празнина со сончогледово или со масло од сусам. Маслото никако не смее да се проголта, туку треба да се исплука, по што устатата треба добро да се измие. Оваа постапка му овозможува на организмот сам да се избори против болеста, без никакви несакани нуспојави кои се врзуваат со користењето медикаменти.
На празен стомак
Терапијата со масло се спроведува само со ладно цедени и нерафинирани масла. Се препорачува сончогледово или сусамово масло, иако според многуте искуства на оние што ја практикуваат методата, може да се користи и маслиново. За зголемување на дејството на основното масло што сте го избрале може да му додадете и неколку капки масло од лековити билки, во зависност од болеста што ја имате. Така, маслото од лаванда се додава за смирување и опуштање, рузмарин за подобра циркулација, камилица против инфекции, а анис за прочистување на дишните патишта.
Терапијата се спроведува на празен стомак на тој начин што ќе земете една голема лажица масло и потоа полека ќе го преместувате во усната шуплина од 15 до 20 минути. Поради тоа што во тој процес маслото во себе ги прима штетните материи и токсините, не смеете да го проголтате. Поривот за голтање ќе го спречите на тој начин што на кратко ќе престанете да го плакнете маслото и длабоко ќе вдишете на нос или проголтајте на суво задржувајќи го маслото во предниот дел на усната празнина.
За време на држењето на маслото во уста ќе ви се создаде многу плунка, што ќе ја зголеми вкупната содржина во усната празнина. Ако е преобилно, и пред да помине предвиденото време плукнете го вишокот.
Во секој случај, плукнете с` кога ќе поминат 15-20 минути.
Што с` се лекува?
Оваа метода се покажала како делотворна во борбата против многу болести и тегоби. Еве некои од нив:
главоболка
забобол
хроничен умор
несоница
астма
егзема
белодробни заболувања
артритис
цревни и желудочни болести
болести на бубрезите, црниот дроб и срцето
хронични болести на крвта
женски болести
Освен ова, терапијата со масло ги избелува и зацврстува забите, го запира крвавењето на непцата и помага при парадентозата. Тајната на делотворноста на оваа метода е во тоа што за време на плакнењето сите шест литри крв поминуваат низ плунковните жлезди и на тој начин организмот се ослободува од штетните материи. Едноставно кажано, со помош на маслото се извлекуваат отровите од организмот.
Освен за лекување, терапијата со масло се препорачува да се користи и превентивно бидејќи го јакне имунитетот и на тој начин уште на почетокот се спречуваат многу болести.
Траење на терапијата
Кога ќе стекнете искуство, времето на држењето на маслото во уста приспособете го на своите потреби. Маслото треба да го плукнете штом почувствувате дека густината на содржината во устата се променила, но сепак постапката не треба да трае помалку од 10 или 12 минути. Се смета дека маслото по две и пол минути се врзува со плунката, по четири и пол минути влегува во крвта, а по 10 минути ги извлекува штетните материи од организмот низ плунковните жлезди.
По плакнењето, плукнатото масло мора да биде белузлаво и ретко, а ако остане жолто и густо, тоа треба да ви биде знак дека доволно не сте ја плакнеле усната празнина.
Кога ќе завршите, усната празнина измијте ја со топла вода и измијте ги забите. Ако сакате, устата измијте ја со солена вода или со чај од пелин за го отстраните непријатниот вкус.
Превентивно, доволно е третманот со масло да го правите еднаш дневно, најдобро наутро, на празен стомак. Во терапевтски цели постапката треба да ја повторувате три пати дневно, пред јадење. Колку ќе трае терапијата зависи од болеста и од општата состојба на организмот. Но вообичаено се смета дека акутните болести може да се излекуваат за помалку од една недела, а хроничните во рок од неколку месеци, па с` до една година. Терапијата треба да се спроведува онолку долго колку што е потребно за организмот целосно да закрепне. Понекогаш состојбата краткорочно може и да се влоши. Може да се јави и зголемена температура, особено кај луѓето што страдаат од повеќе болести. Треба да се знае дека овие пречки се минливи и дека треба да се продолжи со терапијата до излекувањето.