Пелинот е трајна билка со разгрането стебло, полугрмушест облик, и со висина до 1 метар.
Стеблото е округло со перасто разделени листови, а цветовите се во грозд со ситни полусвенати главици.
Цветовите се состојат од чашки со тесни лаци, бледожолти, левкасти, и на краевите петоделни расцепени венци, 5 прашници и надраснат толчник
Иако кај нас народски пелинот е симбол за јад, тага и несреќа, до истата мера Римјаните на Капитол, пред сите други признанија и почести, на победниците им давале напивка од пелин, убедени дека тоа е најголемата награда за еден победник, бидејќи според тогашното сфаќање, пелинот обезбедувал добро и вечно здравје, најголемо земско богатство.
Впрочем, и латинското име на пелинот има симболично значење, т.е. името на билката треба да делува психосугестивно на човекот, да верува дека ќе биде здрав и цел.
Античкото име потекнува од грчкиот збор Артемисија, со значење лековита.
Како дива билката расте на сончевите необраснати земјишта, а поради својата лековитост се сади во градините.
Лековит дел на билката се листовите, кои се собираат пред цветањето, и целата билка за време на цветањето.
Лековито дејство: пелионот има многу горчлив вкус. Извонредно средство е за чистење на крвта и за зајакнувањето на желудникот.
Се употребува при лечење на лоша дигестија, слаб апетит, подригнување, глисти, болести на бубрезите, слезинката, црните дробови, жолтица, мачнина, згрутчување на крвта, мочниот меур, водена болест и осипи.
Освен тоа, многу се широки добротворните својства на пелинот кои поволно влијаат на целокупниот организам. Така исчезнуваат дебелината, шеќерната болест, и психичките проблеми со анксиозност.
Точка.ком.мк