Анте Крешиќ, поранешен претседател на надзорниот одбор на ХТ Еронет и претприемач од Чапљина, БиХ, пред 13 години, на клиника во Загреб, му бил дијагностициран тежок облик на карцином, рак на белите дробови.
Но, со помош на мед и на лековито билје, тој успеал да се излекува и сега живее сосема нормален живот.
Кога во 2001 година, со тешка дијагноза бил отпуштен од болница, тој побарал спас во традиционалната медицина. Секојдневно земал лек што го подготвувал од мед и од друго лековито билје. Тврдел дека не поминало многу време кога го почувствувал подобрувањето.
– Кога по неколку месеци отидов на контрола во Загреб, лекарите не можеа да поверуваат дека се уште сум жив. А кога ги видоа резултатите, веќе ништо не им беше јасно – раскажал тој.
Лекарите му кажале да продолжи со своите терапии и по извесно време болеста сосема исчезнала. Наодите му биле како да никогаш немал здравствени проблеми.
Сега, тој се занимава со пчеларство и двоите искуства ги споделува со луѓе од целиот свет.
– Моите рецепти им помагаат и им даваат надеж – рекол тој.