Home / природен лек / Овој чај е лек против отечени нозе

Овој чај е лек против отечени нозе

Слабата циркулација, менструалниот циклус, прекумерната телесна тежина, лошата исхрана и бременоста се само некои од причините на непријатното чувство на тешки и изморени нозе.

MATOCINA 4 CAJАко на сето тоа се додаде и промената на температурата, топлината и влажноста, отекувањето што е резултат на гравитацијата, односно таложењето на телесните течности во нозете е загарантирано.

За да се ослободите од оваа непријатна, а понекогаш и болна состојба, основна и најпрва помош претставува кревањето на нозете во лежечка положба  – 30 см во висина над срцето.

Покрај тоа, се препорачува и консумирање чај од магдонос, кој помага во исфрлање на вишокот вода од телото.

Чајот можете да го приготвите на следниот начин: земете корен и листови од магдонос, иситнете ги и измешајте.

Пет мали лажички од оваа мешавина варете ги пет минути во половина литар вода. По варењето, оставете ја течноста да отстои уште 20 минути, а потоа процедете ја и консумирајте ја три пати дневно.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top