Home / аларм / Овие симптоми за срцев удар се јавуваат само кај жени

Овие симптоми за срцев удар се јавуваат само кај жени

Една од водечките причини за смрт во светот е срцевиот удар и наспроти мислењето дека само мажите ги погодува ова зло, сепак, голем број жени умираат од инфаркт.

Според статистичките податоци, половина од смртните случаи кај жените, се случуваат токму од срцев удар.

Новите истражувања покажуваат дека симптомите пред да настапи срцевиот удар, се јавуваат неколку денови претходно, па дури и седмици. Сепак, речиси сите жени ги игнорираат овие знаци. Еве некои од симптомите:

Замор

Ненадејниот замор и изнемоштеност, чувство како да немате сила и за наједноставни работи, може да биде првиот, најран знак за срцев удар. Ако без никаква причина се почувствувате вака, најдобро е веднаш да посетете лекар и да ги направите потребните испитувања.
Останувате без здив

Сте направиле неколку чекори и веднаш останувате без здив – тоа е секогаш лош знак. Во овој случај, тоа значи дека срцевиот удар е на прагот.

Доколку подолго време ја имате оваа тегоба, веројатно имате прекумерна тежина, премногу пушите, имате запушени артерии, хронична болест на белите дробови и сл. Во секој случај, посетете лекар и решете го проблемот навремено.

Симптоми на грип

Одеднаш започнува да ви се гади, имате треска, студенило, ве облива ладна пот… и вие веднаш помислувате дека сте добиле вирус, бидејќи обично ова се симптоми на грип. Жените најчесто ги добиваат овие знаци две седмици пред инфарктот

Губење на апетит

Одеднаш го губите апетитот, храната ви е безвкусна, имате постојано чувство на непријатност и вознемиреност.

Се јавува непријатна стомачна болка, непријатност во одделни делови од телото.

Веројатно ќе почувствувате и стегање во градите, чувство на тежина во левата рака и рамото.

Забрзано срцебииење, тахикардија, задршка на течности, отекување. Сите овие знаци не смеат да се игнорираат!

Одеднаш го губите апетитот, храната ви е безвкусна, имате постојано чувство на непријатност и вознемиреност.

Некои лоши навики исто така, придонесуваат за поскоро случување на срцев удар: зависност од храна (дебелина), прекумерно консумирање на алкохол, пушење, постојан висок притисок, недоволна физичка активност, страст кон слатките и сл.

Се смета дека жените доживуваат различни симптоми од мажите пред доживување на срцевиот удар, но новите истражувања покажуваат дека тоа не е точно: постојат повеќе сличности отколку разлики

Но едно е сигурно, не ги игнорирајте симптомите и знаците кои ви ги испраќа телото. Посетете лекар и проверете навреме!

Според Американската асоцијација за срце, околу 935 000 случаи на срцев удар се случуваат секоја година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top