Чуваркуќа е растение кое можеби го одгледувате во својата градина, без да знаете какво богатство имате.
Најчесто се прави сок од оваа билка, која е многу корисна и здрава.
Помага за здравје кај жените, за срцето, за рани и изгореници, убоди од инсекти, иритации и црвенила, цревни паразити и прочистување на телото.
Растението е корисно и за јакнење на телото.
Чуваркуќата е месеста, сочна билка со дебели овални листови наредени во вид на роза. Во средината на растението се развива цветна дршка која има најчесто розови цвеќиња.
Цветовите може да бидат црвени, бели и жолти. Чуваркуќата цвета од април до септември, по што цветот умира. Но пред да умре се создаваат нови, мали цветови кои го продолжуваат животот на растението. Чуваркуќата потекнува од Мексико, а на нашите простори се наоѓа повеќе од илјада години. Расте на карпи, кровови, ѕидови, а може да се одгледува и во саксии. Не бараат многу труд, а најважно е да и се обезбеди доволно сончева светлина. Таа е отпорна на суша и високите температури.
Лековит сок од листовите Со помош на детална анализа покажано е дека чуваркуќата е богата со антибактериски материи и полисахариди кои благотворно дејствуваат на имунолошкиот систем. Чуваркуќата содржи јаболкова и мравја киселина како и нивни соли. Нејзините меснати и сочни листови се берат во текот на летото, за време на цветањето.
Како и кај алоето, за лекување се користи свежо исцеден сок од листовите, кој помага кај:
• нервни пореметувања
• епилепсија
• немирен сон и детски стравови.
Свежо мелените листови или свежо исцеден сок има корисен ефект на брадавиците, рани, чирови, изгореници, пеги од сонце и многу други. Облоги од свежо цеден сок од листовите на чуваркуќата помага во ублажување на болката и го намалува отокот од каснувања од инсекти, без разлика дали тоа е пчела, оса или комарци.
Добра е и како ушна маст Сепак, свежиот сок од чуваркуќата со векови се користи и како терапија за воспаление на инфекции на ушите и губење на слухот, особено ако се манифестира со израстоци и жолт секрет.
Сокот од чуваркуќата го раствора секретот со што автоматски води кон олабавување на притисокот во ушите. Ако ве мачат болки во ушите, земете неколку листови од растението пресечете ги на половина и исцедете неколку капки во увото. Течноста во ушната празнина треба да стои многу кратко, но тоа ќе биде доволно да се намалат болките, а потоа и целосно да запрат. Кога станува збор за лекување на изгореници, потребно е нешто повеќе од ливчиња на чуваркуќата.
Маст за изгореници и рани Во длабок сад ставете шака мелени листови од чуваркуќата, девет лажици вода и 200 грама ситно сечкано свинско сало и варете на тивок оган се додека не почне да се одвојува маста.
Кога смесата ќе се изедначи, процедете го сетот тоа и сипете го во порцелански сад. Почекајте, додека маста не се излади и стврдне, па потоа ставете го садот во фрижидер. Оваа маст се користи за лекување на рани, а добра е и за ублажување болки од преголема исончаност .
Чај за чир на желудник Ако имате чир на желудникот или обилни менструални циклси пробајте чај од чуваркуќа. Во четвртина литро вода ставете 12 грама исушени или 10 грама свежи листови од билката и варете 15 минути.
Потоа исцедете го и оставете го да се излади.
Се пие по една чаша од чајот наутро на празен желудник, а потоа на секој час се зема по една супена лажица додека не го испиете целиот чај.
Овој чај е добар и за плакнење на устата ако имате афти или рани, но и за испирање на грлото болно од гнојна ангина.