Методот наречен Су-Џок (на корејски: дланка-стопало), со кој можете да забележите одредени здравствени проблеми преку масажа и притисок на вашите прсти на дланката и стопалото може навреме да ве алармира од што боледувате.
Су-Џок терапијата е комплексна наука, но на почетно ниво со многу малку знаење секој може да ги реши проблемите со главоболката, притисок, бубрези итн. Се што треба да направите е да ги масирате болните точки на дланката или стопалото.
Со помош на овој метод, користејќи обично пенкало или молив можете да дијагностицирате проблеми на вашиот организам. Се што треба да направите е да извршите притисок на одредена точка на прстите на дланката или стопалото.
Прво обидете се со масажа да го пронајдете проблематичниот дел, односно точката каде најмногу чувствувате болка на вашата дланка или стопало, а потоа со помош на шпицаст предмет како пенкало или молив прецизно утврдете за кој орган се работи.
На пример можете со помош на семка од хмељ која ќе ја залепите со фластер на болната точка да излечите повеќе состојби.
Оваа метода е особено делотворна кај справување со главоболки, болки во грбот и вратот, и во повеќето случаи доколку проблемот не е хроничен терапијата делува речиси моментално.