Сигурно секој од вас барем еднаш доживеал уште рано наутро или среде работен ден да ве фати грч во вратот и болката да не попушта. Иако секој облик на грчење на мускулите е непријатен, посебно е фрустрирачки кога станува збор за вратот или за горниот дел на грбот (кога мора да го свртите целото тело додека некој ви се обраќа, а секое движење боли).
Ваквата појава знае да биде многу болна, но нема потреба веднаш да одите на лекар, туку истото може да го решите и дома.
Прв чекор
Со пристите пронајдете го болното место на вратот и тоа така да ја користите десната рака ако болката е на десната страна, односно левата рака ако болката е на левата страна на вратот.
Втор чекор
Со еден или повеќе прсти, во зависност од површината, притиснете го болното место. Болката мора да биде значајна, но да можете да ја издржите. Доколку местото не можете добро да го дофатите, наместо прстите употребете тениско топче или сличен реквизит.
Трет чекор
Главата полека движете ја спротивно од вкочанетата страна, добро истегнете и свртете ја дијагонално, како да сакате со брадата да ги добрете пазувите. Задржете ја положбата 10 секунди па опуштете се.
На овој начин постепено го опуштате вкочанетиот мускул со помош на притисокот. Оваа постапка повторете ја неколку пати по ред. Истата ќе ви ја намали непријатната болка во вратот, но доколку истата се повторува секако посетете специјалист за да ја дијагностицирате причината, како и да ви се одреди терапија за долгорочно отстранување на напнатоста.