Home / аларм / Опасниот вирус „Тексас“ во поход – Балканците немаат имунитет за него

Опасниот вирус „Тексас“ во поход – Балканците немаат имунитет за него

Два типа вируси на грип во моментов ги кутнуваат Бугарите в кревет со температура, а страшно е што еден од нив е вирусот А/Х3Н2 познат како „Тексас“, покажале испитувањата на Националниот центар за заразни и паразитарни болести во Бугарија.

mers-virus-01Доколку се развие епидемија, овој вирус би можел бргу да се прошири и во Македонија. Инаку, А/Х3Н2 има потенцијал да предизвика и пандемија, исто како опасниот А/Х1Н1, кој е нарекуван и „свински грип“.

Во проби земени од две мали деца и една жена од околу 60-те проби во градот Стара Загора е изолиран А/Х3Н1, познат како „Тексас“.

Проблемот со мутираниот „Тексас“ е што населението во Бугарија нема доволно имунитет со него.

– Поради генетските промени во вирусот, вакцината против грипот е ефикасна само 37 отсто – вели проф. Тодор Кантарџиев, директор на бугарскиот Национален центар за заразни и паразитарни болести.

Во Европа се очекува поинтензивна епидемија на грип, со потешки симптоми, а доминантниот вирус ќе биде А/Х3Н2, велат од Европскиот центар за контрола на болестите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top