Home / природен лек / Одгледувајте никулци, здрави се

Одгледувајте никулци, здрави се

Оваа зима на вашиот прозорец ставете да ви пораснат никулци од различни семенки и на тој начин уживајте во здрава и вкусна храна. Грешка сте доколку мислите дека вашите омилени никулци ги има само на пролет, бидејќи никулците на леќата, кои се многу важна хранлива состојка во оброците и салатите, може да се одгледуваат во текот на целата година.

lentil-sprouts-process-3Леќата ја чисти и стимулира работата на бубрезите и надбубрежните жлезди, ја зајакнуваат работата на срцето и циркулацијата и ја зголемуваат енергијата и виталноста.

Кога никулците ‘ртат, нивните хранливи материи полесно да се варат, а по само три до четири дена од `ртењето, нивните хранливи влакна, кои помагаат во намалувањето на холестеролот, крвниот притисок, шеќер во крвта и регулирање на нивото на инсулин, се зголемуваат за триста проценти. Процесот на `ртење е едноставен, а освен леќа, можете да го користите и за `ртење на други семенки.

Прва работа која треба да ја направите е да ги исчистите семките од камења или од скршени зрна.

Зрната треба да се цели, а не искршени на делчиња. Исплакнете ги семките темелно со ладна вода, а потоа потопете ги во голем сад со ладна вода и оставете ги да стојат преку ноќ (8-12 часа).

Следното утро зрната треба да бидат небрекнати. Добро истискајте ги, исплакнете и оставете ги во голема тегла, наполнета 1/3 за никулците да имаат простор за да растат. Покријте ги теглите со газа и нежно прицврстете ја со ластиче.

lentil-sprouts-process-1

Следните неколку дена, се што треба да направите е да ги вадите зрната од теглата да ги исплакнете со чиста вода и да ги вратите во тегла и тоа двапати на ден.

lentil-sprouts-fullПо секое миење на никулците, неколку пати добро истресете ја теглата и свртете ја наопаку за да излезе целата вода од теглата. Со оваа постапка внатрешноста на тегла треба да биде влажна, но да нема во неа вода, бидејќи тоа ќе предизвика создавање на талог и може да ги расипе семките. Ако семките се лигави дополнително убаво измијте ги, не дозволувајте да има лига.

По 24 часа поминати во тегла никулците ќе почнат да се отвораат и од нив да се појавуваат `ркулци. Редовно мијте ги и сушете ги семките 4-5 дена.

Кога ќе изникне зелен лист и ќе почне да се одвиткува, настапува вистинско време за жетва. Ќе забележите дека никулците се прилично заглавени во теглата, така што ќе мора да употребите сила за да ги извадите. Откако ќе ги извадите никулците од теглата, ставете ги во цедалка измијте ги и ставете ги во херметички затворена кутија на чие дно ќе ставите хартиени салфетки, а никулците ќе ги распоредите рамномерно.

sprouted-lentils

lentil-sprouts-salad

Никулците може да стојат во фрижидер вака цела недела. Постојат многу начини на кои можете да ги јадете никулците. Еве еден рецепт за салата. Салата: Зелена салата, рукола, домат, краставица, авокадо и никулци од леќа.

Сос Гвакамоли:

Пасирано авокадо, никулци од леќа со сок од лимон, кромид, морска сол, бибер, лути пиперки, со екстра никулци и сецкан млад кромид.

Рецепт за никулци од леќа:

200гр. Варена леќа 150гр. Корен од целер 2 моркови 2 лажици масло од тиква Врзопка млад кромид 2 чешниња лук Врзоп першун 50 гр. сецкани ореви 1 лажица цеден сок од лимон и сол

Подготовка: Морковот и целерот се рендаат и се мешаат со никулците од леќа. Се додава се останато и се меша.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top