Должината на нозете, опсегот на рацете, обемот на струкот како и други карактеристики на телото, можат да се доведат во врска со одредени болести
-Луѓето со пократки нозе би требало повеќе да водат сметка за состојбата на својот црн дроб, додека пониските луѓе се подолговечни…
Должината на нозете, опсегот на рацете, обемот на струкот како и други карактеристики на телото, можат да се доведат во врска со одредени болести.
ДОЛЖИНА НА ПРСТИТЕ
Жените кај кои показалецот е пократок од домалиот прст, двојно се посклони за развој на остеоартритис во повозрасни години. Истиот однос на должината кај прстите е чест и кај мажите, а кај жените открива и пониско ниво на естроген кој ја успорува појавата на коскени заболувања. За да се спречи истото, луѓето со вакви карактеристики би требало редовно да вежбаат и да внесуваат препорачани дози на калциум.
ВЕЛИЧИНА НА ГРАДНИКОТ
Жените кои на 20 годишна возраст носат градници со величина на корпата Д, имаат 1 ½ поголема веројатност дека ќе заболат од дијабетес тип 2, за разлика од оние кои имаат помали дојки, покажала студијата од канадскиот Дневник на медицинското здружение.
Се објаснува дека масното ткиво во градите е хормонски чувствително, па влијае врз појавата на инсулинска резистенција. Дијабетесот може да се спречи со одржување на здрава телесна тежина, избалансирана исхрана и физичка активност.
ДОЛЖИНА НА НОЗЕТЕ
Луѓето кои имаат пократки нозе би требало повеќе да водат сметка за состојбата на својот црн дроб, советуваат британските експерти. Тие откриле дека жените чии нозе се долги од 50 до 73 см во просек имаат поголема вредност на црнодробните ензими кои упатуваат на болест на овој орган. Оваа состојба може да се спречи со намален внес на алкохол и други токсини.