Home / природен лек / Обавезно за сите над 40 години – едно јаболко дневно – еве зошто

Обавезно за сите над 40 години – едно јаболко дневно – еве зошто

Кога сите лица со повеќе од 40 години би јаделе едно јаболко дневно, 8.500 смртни случаи од инфаркт и мозочен удар би можеле да бидат избегнати во Велика Британија, се наведува во статијата на научниците од Оксфорд објавена во списанието British Medical Journal, пренесува Макфакс.

jabolka 1Јаболкото, според научниците, дава сличен поттик на крвоносниот систем како и лековите, меѓутоа не предизвикува несакани реакции и нуспојави. „Тоа покажува колку ефикасни можат да бидат малите промени во исхраната, и дека како и лековите и поздравиот живот можат да придонесат за спречување на срцевите и мозочните удари”, вели Адам Бигс, раководител на истражувањето.

Повеќе од две третини од возрасните лица не ги јадат препорачаните дози од пет порции овошје и зеленчук дневно во Велика Британија, покажува ова истражување.

Мантрата за јаболко дневно коешто го брка докторот од куќата, особено е важна за оние над 50 години, коишто се изложени на повисок ризик од кардиоваскуалрни болести, сметаат научниците.

Тие ги анализирале ефектите од статините за намалување на холестеролот и ефектот од едно јаболко дневно кај лицата повозрасни од 50 години. Кога седум од десет лица би се придржувале до советот, статините би можеле да спасат 9.400 животи, а јаболко дневно 8.500 според нивните пресметки. „Иако никој не вели дека јаболкото треба да ги замени статините, сите би можеле да имаме полза од консумирањето повеќе овошје”, вели Бригс.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top