Експертите со нетрпение го чекаа брзото одобрување на новиот лек против најсмртоносната форма на рак на кожа. Неделава Американската канцеларија за храна и лекови даде зелено светло за пласман на лекот „кејтруда“ на компанијата Мерк. Новиот лек е наменет за борба против поодмината форма на меланома.
Кејтруда има уникатно дејство, поттикнувајќи го имунолошкиот систем на телото да се бори против смртоносниот рак. Вообичаено, канцерогените тумори го ослабуваат имунолошкиот систем, но кејтруда ја спречува активноста на еден од протеините што туморите го користат за блокирање на системот за имунитет.
Лекот се вели дека безбеден, покажувајќи малку контраиндикации.
Администрацијата за храна и лекови го одобри лекот по обемно испитување. Во студијата биле вклучени 173 пациенти, и покажала дека туморите од првичниот рак се намалиле во четвртина од случаите. Позитивните ефекти траеле околу 8,5 месеци.
Меѓутоа, лекот е мошне скап. Залихите за еден месец, најави Мерк, ќе чинат повеќе од 12.000 долари. Третман за една година би чинел околу 150.000 долари.