Home / природен лек / Никогаш веќе нема да ги фрлате лушпите од јајца!

Никогаш веќе нема да ги фрлате лушпите од јајца!

Калциумот има многу важни функции во работата на организмот. Освен што создава коскена маса и ја спречува остеопорозата, калциумот ја нормализира функцијата на нервите и мускулите, го регулира чукањето на срцето, го поттикнува сонот.

Исто така е важен за работата на имунилошките клетки како и за здрава коса и кожа.

jajce44Бројни се факторите кои го црпат калциумот од организмот, а тоа е пред се премногу седење, кафе, алкохол и газирани пијалаци. На недостаток на калциум особено се склони трудниците и жените во менопауза, постарите мажи како и личностите кои патат дигестивни нарушувања.

Лушпата на јајцата содржи 90 отсто калциум и е природен извор на минерали. Телото лесно ја апсорбира бидејќи хемискиот состав на луштите од јајцата е скоро идентичен на човечките коски и заби.

Во поголеми дози не само што ги лечи симптомите од недостаток на калциум и го запира развојот на остеопороза, помага и против висок холестерол и зголемен крвен притисок, и ја стимулира коскената срж да произведува крвни зрнца.

Освен тоа лушпата од јајцето содржи железо, бакар, манган, цинк, флуор, фосфор, хром и молибден. Поради тоа многу експерти ја препорачуваат лушпата од јајцата како природен и многу делотворен додадок за калциум. Зависно од животната доба, препорачана дневна доза е 1.5 до 3 грама мелени лушпи од јајца.

Тироидна жлезда

Добро измијте ја лушпата од 8 јајца, исушете ја и издробете ја, прелијте ја со сок од 2 лимони и оставете ја во фрижидер неколку дена. Кога лушпите ќе се потопат и омекнат, течноста процедете ја и промешајте ја со 1 литар ракија и еден килограм мед. Оставете да отстои 7 дена пред употреба. Конзумирајте по 1 лажичка два до 4 пати дневно после јадење.

Гастритис, чир

Лажичка од сомелени лушпи од јајца помешајте ја со лажица шеќер и лажица мелени ораси. Земајте 20 дена, 3 пати дневно по една лажичка.

На врвот од ножот ставете мелени лушпи од јајца помешајте ги со 2 лажици лимонов сок. Кога лушпите ќе се омекнат во сокот, додадете децилитар топло млеко. Земајте 2 пати дневно, наутро на празен желудник и навечер пред спиење.

Јакнење на организмот и чистење на крвта

Лушпата од 4 или 5 јајца добро измијте ја, здробете ја и ставете ја во 3 литри вода. Водата со лушпите чувајте ја во фрижидер до 7 дена и користете ја како вода за пијалак. Дневно земајте две до три чаши вода со малку лимонов сок.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top